Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата
Економија

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

30/03/2025

AA

Во април ќе има золемување на платите во образованието од седум проценти, а тоа, покрај за наставниот кадар, ќе важи за сите вработени во основните и средните училишта, објави денес министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

– За жал се појавија бројни шпекулации на социјалните мрежи дека нешто не е во ред со покачувањето на платата. Тоа не е точно, одговорно тврдам дека и оваа година, како и претходните, наставниците ќе си добијат поголема априлска плата за 7 проценти, рече министерката Јаневска одговарајќи на новинарско прашање пред одржувањето на третиот Женски Економски Форум во Скопје.

Министерството за образование и СОНК вчера потпишаа нова спогодба за раст на платите. Најниската плата за најнискиот степен на сложеност на вработените во осноните училишта изнесува 22.745 денари, пишува во документот. 

Меѓутоа дел од просветните работници незадоволни на социјалните мрежи велат дека ова е бруто износ, што нето би изнесувало 15.250 денари.

„Министерството за образование доколку го почитува колективниот договор и законот за минимална плата и СОНК да ги почитуваше законите и да се грижеше за просветните работници, ќе ја утврдеа за основица минималната плата на државно ниво која е во висина од 33.352 денари во Бруто износ или 22.567 денари во Нето износ. Со непочитување на колективните договори и законот за минимална плата, платата на просветните работници е скратена за една третина“, пишуваат на социјалните мрежи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска

04/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее

04/11/2026
Македонија

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО

04/11/2026
Македонија

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИ СО Е-ИНДЕКСИТЕ ДОБИЈА ПРИТВОР Судот го прифати

04/11/2026
Македонија

СМРТНИ ЗАКАНИ, РАСПРАВИЈА И ПРИЈАВА ПРЕД ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Девојката

04/11/2026
Македонија

НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА

04/11/2026
Македонија

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите

04/11/2026
Македонија

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46583
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска магла и минусни температури

04/11/2026

Времето в четврток, 5 ноември, ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее да биде доведен во прашање

04/11/2026

Европската Унија треба да понуди креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој во македонските евроинтеграции, без да се доведува во

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО КАФЕАНИ“ Петар Богојески им одржа

04/11/2026

Петар Богојески остана на ставот за машка контрола врз жените и во ново видео им се нафрли на мажите кои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy