Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОД 1 ЈУНИ ПОД КАТАНЕЦ: Aлбанец ја купи куќата на убиениот Оливер Ивановиќ во Митровица
Регион

ОД 1 ЈУНИ ПОД КАТАНЕЦ: Aлбанец ја купи куќата на убиениот Оливер Ивановиќ во Митровица

28/05/2024

AA

Aлбанец ја купи куќата на убиениот Оливер Ивановиќ во Митровица на Косово. 

Куќата во Косовска Митровица во која беше сместена канцеларијата на убиениот претседател на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија“, Оливер Ивановиќ, Косовската кредитна агенција ја продаде, од 1 јуни ќе биде ставена со катанец, а во просториите од 200 метри квадратни ќе се всели Албанец од јужниот дел на Косовска Митровица, пренесе  „Политика“. Не е позната сумата за која е продадена куќата.

Потпретседателката на партијата ГИ СДП, Ксенија Божовиќ изјави дека по 26 години од партиските простории останале само голи ѕидови, а од 1 јуни практично исчезнува сето она што го направил Ивановиќ.

Таа додава дека не верувала дека куќата ќе биде продадена, со оглед на тоа што, како што рече, Ивановиќ поминал скоро третина од животот во таа куќа, пред неа е убиен, а пред влезот има мермерна плоча со слика на Ивановиќ, датумот кога е убиен и на која пишува „Никогаш нема да го напуштам Косово и Метохија“.

Ивановиќ е убиен на 16 јануари 2018 година, рочиштата за неговото убиство се одржуваат во Приштина од декември 2019 година, а според Ксенија Божовиќ, следното судење е закажано за јуни, затоа што претходно било одложено.

Тој бил голем хуманитарец, човек кој постојано повикувал на мир и разум, а бил и велемајстор во карате.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За 4 месеци годинава уапсени 15 пиромани

29/08/2026
Македонија

Маж од струшко истепан од сосетката, му ги земала и

29/08/2026
Македонија

Димитриеска Кочоска: Секој денар од Буџетот и секое евро од

29/08/2026
Македонија

Се уште гори меѓу Студеничани и Зелениково, вкупно активни 5

29/08/2026
Македонија

Муцунски во прва посета на Израел: Сакаме да бидеме порта

29/08/2026
Македонија

Од вторник Градски воз: Осум линии дневно меѓу Зелениково и

29/08/2026
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45320
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За 4 месеци годинава уапсени 15 пиромани

29/08/2026

Од Министерството за внатрешни работи за 4NEWS.mk информираат дека во периодот од 1-ви мај до 25-ти август година, приведени биле

Маж од струшко истепан од сосетката, му ги земала и парите!

29/08/2026

На 28.08.2026 во 20:40 часот, во ОВР Струга е пријавено дека Л.О. од струшкото село Октиси во неговиот дом во

Димитриеска Кочоска: Секој денар од Буџетот и секое евро од европските фондови се средства на

29/08/2026

Силните институции и одговорното управување со јавните средства се темел на довербата на граѓаните, а ревизијата е еден од клучните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy