Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од 1. јануари нова цена на струјата
Македонија

Од 1. јануари нова цена на струјата

27/12/2023

AA

Цената на струјата останува иста за најголем дел од домаќинствата. Регулаторна Комисија објави дека од 1 јануари цената во првиот блок се намалува за 5,16%,  за втор блок и евтината тарифа останува иста, а благо покачување има во третиот и четвртиот блок од 2,88%, односно 1,86%.

Овие цени се збир од цената на електричната енергија плус мрежарината.

Новиот надоместок за пренос и дистрибуција ќе чини 200 денари. Првиот регулатор, Бислимовски појаснува дека оваа ставка ќе важи за сите и ќе ја плаќаат и оние кои имаат празни станови, куќи и викендици. Овој нов додаток се воведува за да има фер распределба на трошокот на мрежа меѓу редовните кроисници и оние кои повремено ги користат објектите.

-Со воведувањето на овој пристап кон мрежа овозможивме цената за мрежарина да се намали за речиси 23%, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Ова според министерот за економија во пракса би требало да ги намали сметките.

-На сметка на 2.000 денари, ако тарифата за дистрибутивна мрежа моментално е двојно од тоа што се плаќа за електрична енергија, таму има намалување од 27‘%. На 1.000 денари намалување од 27% е 270 денари, и ако плаќаш надоместок од 200 денари, имаш намалување од 70 денари. Да не зборуваме за сметки што се повеќе од 1.000 денари, вели министерот Бектеши.

Околу 80% од домаќинствата веќе ја користат дневната евтина тарифа, а очекувањата на надлежните се дека до крајот на годината сите ќе имаат евтина тарифа во периодот од 13 до 15 часот.

80% од домаќинствата се во првиот и во вториот блок на потрошувачи, но во зимскиот период тие што се греат на струја влегуваат и во третиот поскап блок. Според податоците од ЕВН, 10.000 домаќинства во ноември од првиот и вториот влегле во повисоките блокови.

Сител

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy