
Очна докторка од болницата во Битола барала поткуп од 100 евра за интервенција
Очна докторка од ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ побарала поткуп од 100 евра (околу 6 илјади денари) за да изврши интервенција, јавува Сител телевизија.
Според информациите, ова не е прв пат истата докторка да побара пари од истата пациентка.
Пациентката отишла да закаже операција кога и било побаран поткупот, по што отишла во полиција од каде и биле дадени обележани пари, а денеска при носење на поткупот, докторката била уапсена.
Станува збор за И.Д.(67) од Битола.
