Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Преку „Скај“ апликацијата откриен шверц на кокаин од Холандија во земјава
Магазин

Преку „Скај“ апликацијата откриен шверц на кокаин од Холандија во земјава

16/07/2025

AA

Врз основа на докази добиени преку „Скај“ комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица.

„Утрово беше извршен претрес на три локации, при што едно лице е приведено. Постои основано сомнение дека осомничените, заедно со други сега починати лица, во два наврати организирале неовластена набавка, пренесување и продажба на шест килограми наркотична дрога – кокаин од Кралството Холандија до Р Северна Македонија. Наркотичната дрога била наменета за понатамошна неовластена продажба во државава“, наведено е во соопштението на Обвинителството.

Осомничените и сега починатите заеднички преземале инкриминирачки активности дејствувајќи секој во својата улога во делот на неовластена набавка на наркотичната дрога, организирање на нејзино пренесување и складирање на соодветна скриена локација, како и нејзина распределба заради понатамошна неовластена продажба.

„Осомничените сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. Во текот на денешниот ден петто осомничениот кој е лишен од слобода ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка и за него обвинителството ќе побара да му биде определена мерка притвор.  Истата мерка ќе биде предложена за уште двајца осомничени – недостапни на органите на прогонот, додека за останатите двајца исто така недостапни на органите на прогонот, а кои претходно се опфатени со наредбата за истрага во предметот „Грчец“, мерката притвор е веќе определена и ќе се применува по нивно пронаоѓање“, наведено е во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy