Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОЧИТЕ НА СВЕТОТ ВПЕРЕНИ ВО БЕЛГРАД, СТУДЕНТИТЕ ОД ЦЕЛА СРБИЈА СЕ ТАМУ: Денеска е најмасовниот протест од кој стравува Вучиќ
Регион

ОЧИТЕ НА СВЕТОТ ВПЕРЕНИ ВО БЕЛГРАД, СТУДЕНТИТЕ ОД ЦЕЛА СРБИЈА СЕ ТАМУ: Денеска е најмасовниот протест од кој стравува Вучиќ

15/03/2025

AA

Белградските студенти, кои денеска организираат голем
протест пред Собранието на Србија, на својата официјална страница на Инстаграм
објавија дека собирот ќе започне во 16 часот.

Студенти од белградските факултети и граѓани синоќа се
собраа во центарот на Белград на Теразие, каде организираа спектакуларен пречек
на студентите кои пристигнаа во главниот град на Србија во пресрет на масовниот
протест.

Некои групи студенти пешачеа повеќе од пет дена за да се
приклучат на големиот протест наречен „15 од 15“ закажан за попладнево во 16 часот.

Револтот кој трае
од почетокот на ноември минатата година по падот на настрешницата на
железничката станица во Нови Сад, денеска најмасовно ќе го изразат студентите, земјоделците и граѓаните. Ова, како што велат студентите ќе биде најголем собир во
серијата демонстрации по загинувањето
на 15 луѓе во несреќата во Нови Сад.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно и се обрати
на јавноста и рече дека опозицијата и демонстрантите разговараат за плановите
за предизвикување граѓанска војна и преземање на власта во Србија.

По 15 март планиран е тридневен генерален штрајк од 17 до 19
март, организирање акции за вклучување на што поголем број работници и
радикализација на протестите и блокади на клучните економски сектори.

Клучни точки на блокадата за време на штрајкот ќе бидат Електростопанството на Србија
(ЕПС), Градскиот транспорт (ГСП) и Колубара.

– Овој протест е повеќе од еден ден – тоа е повик за
долгорочна борба за системски промени. Поддршката на што поголем број граѓани и
работници е клучна за успехот, велат тие.

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy