Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одземени 50 килограми месо: АХВ спроведе вонредни 165 надзори
Македонија

Одземени 50 килограми месо: АХВ спроведе вонредни 165 надзори

15/03/2025

AA

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата и оваа недела спроведе 154 вонредни инспекциски надзори во магацини и ладилници за храна.

Недоследности се утврдени кај 41 оператор, за што се издадени решенија за наредба.

Изречени се 15 парични казни и уништени се десеттина килограми небезбедна храна. Кај 7 од контролираните оператори утврдени се незадоволителни хигиенски услови, а кај двајца, производите не биле означени (декларирани) на македонски јазик.

Кај осум оператори со храна утврдено е дека вработените немале санитарни книшки, односно биле затекнати без задолжително спроведен здравствен преглед. Кај еден од операторите кај кој е спроведен инспекциски надзор, АХВ утврдила дека врши недозволено препакување на производи од животинско потекло.

Инспекциските служби на АХВ, минатата недела во Скопје, при спроведен
вонреден надзор, затворија нелегална работилница за производство на
производи од месо. Нештетно уништија околу 200 килограми небезбедни
производи. За сторениот прекршок (работа без одобрение од АХВ и ставање во промет на небезбедни производи) на нелегалниот оператор изречена му е и парична казна.

При друга спроведена вонредна контрола, од физичко лице, одземени се и 50 килограми производи од месо со непознато потело. Производите се продавале на отворено, без потребен температурен режим. За сторениот прекршок, на физичкото лице изречена му е парична казна, а одземените небезбедни производи од месо нештетно се уништени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата

04/09/2026
Македонија

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026
Македонија

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за

04/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова додели „Инженерски прстен“ на најуспешните 14 млади инженери

04/09/2026
Македонија

Мостот на Маркова Река повторно целосно отворен за сообраќај од

04/09/2026
Македонија

Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на

04/09/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување, лихварство и перење пари во

04/09/2026
Македонија

Брзата интервенција спречи пожарот кај Националниот парк Маврово да се

04/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45465
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата пресметка: Институциите најавуваат нови мерки

04/09/2026

Тринаесетгодишно момче избодено со нож во пределот на срцето се наоѓа во стабилна, но и понатаму животнозагрозувачка состојба. Лекарите будно

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026

На ден 04.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни,

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за учество во нејзината обнова

04/09/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на официјалната посета на Украина оствари средба со својот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy