Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Очевидци раскажаа како го совладале момчето кое во Нишка бања уби свој врсник
Регион

Очевидци раскажаа како го совладале момчето кое во Нишка бања уби свој врсник

06/10/2023

AA

Страшно убиство деновиве ја потресе Србија. Момче од 13 години во Нишка Бања закла свој врсник. Првичните резултати покажуваат дека бил свесен за стореното дело. За ова сведочат очевидци на крвавиот настан. 

„Момчето се тетераше по улицата, паѓаше, па стануваше, имаше и друг сосед. Не знаевме што се случи затоа што имаше некаков нејасен поглед. И што е уште поневеројатно, тој само молчеше. Тој не кажа ништо. Се оттурна со нозете, со стапалата удирајќи во асфалтот. Некако го совладавме. Патиките му паднаа од нозете додека се бореше. А, потоа мирно ги пречека брзата помош и полицијата“, изјави очевидецот на крвавиот настан.

Момчето го променило однесувањето кога пристигнала брзата помош.

„Двајца лекари го фатија за раце, тој се фрли уште двапати, и наеднаш се смири. Го ставија на носилки во комбето. Така седеше половина час, па го префрлија во друга брза помош и го однесоа. Беше целосно мирен. Не мрдна, тоа ми е чудно, толку се мачеше, а потоа лежеше неподвижен, како мртов. Чудно ми е ова“, раскажува соседот.

Сите велат дека и двете момчиња потекнуваат од чесни семејства. Двајцата оделе во седмо одделение во ОУ „Иван Горан Ковачиќ“ и биле најдобри другари.

Граѓаните повторно излегоа на протест – „Србија против насилството“. Претходно, по масакрот кој на 3 мај се случи во училиште во Белград, граѓаните протестираа. Тогаш момче од 13 години уби вработен во училиштето, но и девет свои соученици. 

фото: Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy