Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителството отвори предмет: Што стои зад фотографијата на Сашо Дранго со мечка?
Македонија

Обвинителството отвори предмет: Што стои зад фотографијата на Сашо Дранго со мечка?

03/01/2025

AA

По објавувањето на фотографијата од здружението „Анима Мунди“, на која се гледа како држи пушка покрај мртва мечка заменик-директорот на ЈП „Македонија пат“, Сашо Дранго, реагираше.

Тој тврди дека не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа. Според неговите зборови, тој и неговите колеги од „Македонија пат“ ја тргнале од патот Битола-Ресен за да ја ослободат од сообраќајната опасност. По тоа, се сликал со неа, како што објаснува во изјава за Телма.

И покрај тоа што на фотографијата јасно се гледа дека Дранго држи пушка со снајперски нишан и стои покрај мртвата мечка, која лежи во снегот, тој негира дека ја убил и потенцира дека „решавањето на случајот ќе бара преку судски процес“. Тој дополнително сподели дека има искуство во лов на мечки, кое го стекнал во Финска, каде исто така имал слични фотографии.

„Сега пред еден месец имав случка и слика со мечка која на патниот правец Битола-Ресен беше усмртена при сообраќајна незгода. Па како вработен во ‘Македонија пат’ бев таму, за што има записник и во полициската станица во Битола и таа мечка ја отстранивме од коловозната лента во месноста ротино-битолско. Станува збор за таа мечка која е на фотографијата“, изјави за Телма Сашо Дранго.

Обвинителството отвори предмет за случајот со усмртената мечка со која позираше заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго.

Од здружението Анима Мунди бараат да се провери дали во месец декември постои пријава за убиство на мечка во некоја од надлежните инстируции, а МВР да провери дали Дранго, кој, како што велат од анима мунди, на сликите бил во ловечка униформа, наоружан со снајпер и двоглед, има забрана за користење оружје и истото му е одземено во претходна постапка, односно дали снајперот од сликата е држен спротивно на закон.

Во Законот за дивечот и ловството, во членот 11 пишува дека мечката како дивеч е под заштита и секое нејзино ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането, додека во членот 14 е наведена трајната забрана за лов на мечки.

За отстрел на мечка предвидена е и парична казна од 18.000 евра за мечка постара од две години, додека Кривичниот законик во членот 228 предвидува и затворска казна до три години за ловењето на дивеч под заштита.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy