Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителството отвори маил адреса каде може да пријавите кривични дела поврзани со изборите
Македонија

Обвинителството отвори маил адреса каде може да пријавите кривични дела поврзани со изборите

16/02/2024

AA

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа колегиум на кој јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги запозна со приоритетите од програмата за неговиот мандат и активностите за јакнење на транспарентноста и довербата во институцијата.

Со оглед на распишувањето на новиот изборен циклус, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија повторно ја активира Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите. За претседател на комисијата е определен јавниот обвинител Џељаљ Бајрами.

Во привремената Комисија членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

Проактивното и превентивно делување на Јавното обвинителство поврзано со претстојните избори е во насока на приоритетно постапување за извршени изборни нерегуларности. Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите настани поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите и секаде каде ќе оцени дека има индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите ќе ги известува пониските основните обвинителства со насока за итно постапување.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на изборите, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса – [email protected]

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кризниот штаб на Куманово во вонредна координација: Невремето откорна над

22/07/2026
Македонија

Скопските градоначалници се координираат по невремето: Ќе се формираат комисии

22/07/2026
Македонија

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем

22/07/2026
Македонија

ФОТО Застој на обиколница, превртена приколка од камион кај Волково

22/07/2026
Македонија

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари

22/07/2026
Македонија

Уапсени двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти

22/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски на координативен состанок со градоначалниците за последиците од невремето

22/07/2026
Македонија

ВИДЕО Навален крстот на црквата „Св. Јован Крстител“ во Скопје

22/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44577
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кризниот штаб на Куманово во вонредна координација: Невремето откорна над 100 дрвја, штетите се огромни

22/07/2026

Кризниот штаб на Општина Куманово одржа итна седница по силното невреме кое вчера го зафати градот и околината. Сите општински

Скопските градоначалници се координираат по невремето: Ќе се формираат комисии за пријавување на штетите

22/07/2026

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем економски развој

22/07/2026

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ денеска официјално отвори своја оперативна база на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Со отворањето на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy