
Обвинителството го прецизираше точното време на убиствата на Вања и Панче
Обвинителството го прецизираше обвинителниот акт за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Обвинителката рече дека наместо околу 09:30, времето на убиство е од 08.30 до 09.30, а на пензионериот од Велес околу 11 часот.
Во судница денеска присутни се и Луциа Ѓорѓиевска и Ана Кировска во својство на оштетени.
Денеска во Кривичниот суд се завршните зборови, а на следните рочишта ќе биде изречена и пресудата.