Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Приведен Александар Нацев, сопственик на фирмата која ја обезбедувала Пулс и не забранила влез на нелегална пиротехника и малолетници
Македонија

Приведен Александар Нацев, сопственик на фирмата која ја обезбедувала Пулс и не забранила влез на нелегална пиротехника и малолетници

09/06/2025

AA

Обвинителството го прошири предметот за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени, со новоосомничениот Александар Нацев. Според Обвинителството, тој се смета за реален сопственик и одговорно лице на агенцијата за обезбедување која нелегално вршела дејност во дискотеката без основен договор и без спроведени безбедносни протоколи.

По наредба на суд, биле извршени претреси на две локации – во Скопје и Пробиштип. Одземена е обемна документација и електронски уреди кои, според надлежните, ќе придонесат за утврдување на фактите во истрагата. Александар Нацев е приведен, а Обвинителството најави поднесување на предлог за притвор пред Основниот кривичен суд во Кочани.

„Агенцијата за обезбедување, без склучен договор со дискотеката ‘Кабаре ПУЛС’, вршела незаконска дејност во текот на 2025 година. Осомничениот Нацев ја координирал работата на терен без потребна безбедносна проценка, план за евакуација или проценка на ризик од пожар. Во критичната вечер не е воспоставена контрола на влезот, присутни биле малолетници, просторот бил пренатрупан, а допуштен е и внес на пиротехника од страна на музичкиот состав – што директно доведе до настанување на пожарот“, информираа од Обвинителството.

Во трагедијата, според официјалните податоци, загинаа 62 лица, 157 беа тешко повредени, а уште 54 се здобија со полесни телесни повреди.

Александар Нацев, кој потекнува од Пробиштип, има долга историја на учество во политиката и државните институции. Во периодот од 2015 до 2017 година бил директор на Дирекцијата за заштита на класифицирани информации во време кога Владата ја предводеше Никола Груевски. Нацев беше и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, а во моментов е извршен директор на Центарот за безбедносни истражувања и професор на Факултетот за државна безбедност.

Обвинителството најавува продолжување на истрагата и можно проширување со нови инволвирани лица, додека јавноста сè уште бара одговорност за една од најголемите трагедии во поновата историја на земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот

22/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да

22/10/2026
Македонија

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА

22/10/2026
Македонија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ПЛАТИ КИРИЈАТА!? Институцијата

22/10/2026
Македонија

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ,

22/10/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ НАСКОРО ДА БИДЕ ВАЛОРИЗИРАН НАШИОТ НАПРЕДОК ВО РЕФОРМИТЕ И

22/10/2026
Македонија

ВИНИЧАНЕЦ ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕДНА СЕМКА OД КАНАБИС

22/10/2026
Македонија

ЖИВЕЕМЕ ВО ЕДЕН ОД НАЈПРЕДИЗВИКУВАЧКИТЕ ПЕРИОДИ ВО ИСТОРИЈАТА! Мицкоски пред

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46326
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот круг граѓаните да гласаат по

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да гласаат по свое убедување во

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА СИ ЗАМИНЕ На СДСМ му

22/10/2026

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да застане на чело на СДСМ, но смета дека во овој момент не треба

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy