
Обвинителството го праша Палевски дали има проблем со почитувањето на законите
Денеска во Кривичниот суд, првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, одговараше на прашања од обвинителките.
Обвинителките го изнесоа неговото досие, истакнувајќи дека има повеќе осуди за кршење на законот, како во Македонија така и во Хрватска.
Палевски бил осуден за измама и кривични дела против платниот промет, како и за злоупотреба на службената положба.
Обвинителката го праша дали има проблем со почитувањето на законите, на што Палевски одговори дека условните осуди во Хрватска не биле за него лично, туку за правниот субјект и дека неговите осуди не биле поврзани со насилство или убивање.
Тој се пожали дека некои пресуди биле испуштени во обвинителската евиденција, како и дека се обидувале да го држат во притвор без основа.
Палевски истакна и дека во тек е постапка за незаконско прислушување, што, според него, не било наведено од обвинителството.
