Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА СО РАСТ ОД 2,6 ОТСТО – најмал меѓу земјите од Западен Балкан, еве какви се прогнозите на Светска банка
Економија

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА СО РАСТ ОД 2,6 ОТСТО – најмал меѓу земјите од Западен Балкан, еве какви се прогнозите на Светска банка

28/04/2025

AA

Македонската економија годинава според Светска банка ќе има раст од само 2,6 проценти. Во текот на следата 2026 година Светска банка очекува да порасне нашата економија за 2,7 отсто, додека година подоцна или во 2027 нашата економија ќе расте со стапка од 2,8 проценти. Ова го пишува во Редовниот економски извештај за Западен Балкан на Светска банка кој денеска е објавен. Во однос на проекциите на СБ од есента минатата година има зголемување од 0,1 процентен поен кај  македонскиот БДП за годинава, а намалување за 0,3 проценти поени кај проекцијата за следната година. 

Во извештајот се наведува дека економскиот раст во Западен Балкан се проектира малку да забави во 2025 година како последица на послабата надворешна побарувачка и економската несигурност која произлегува од менувањето на глобалните трговски политики што би можело негативно да влијае врз бизнисите и довербата на потрошувачите.

Светска Банка предвидува дека комбинираниот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија ќе достигне 3,2 проценти во 2025 година, што е за 0,5 процентни поени под претходните проекции. Растот се предвидува да забрза до 3,5 проценти во 2026 година.

Надолна коренција од 0,3 процентни поени за годинава има за албанската економија, за каде е проектиран раст од 3,2 проценти, кај БиХ и кај Црна Гора  исто така надолна корекција за по 0,5 процентни поени, со што растот во тие држави ќе изнесува 2,7 проценти, односно три проценти. Кај Косово има пад на проекцијата за 0,1 процент со којшто БДП ќе изнесува  3,8 проценти, а кај Србија исто така пад но за 0,7 проценти и српската економија ќе има раст од 3,5 проценти.

– Забележуваме одредени позитивни економски трендови во Западен Балкан кои ја потенцираат отпорноста на регионот и треба да го поткрепат цврстиот економски раст. Пониската инфлација и растот на платите ја поддржуваат потрошувачката, јавните инвестиции почнуваат да се зголемуваат, вели во пишана изјава Шиаочинг Ју – директорка на Светска банка за регионот на Западен Балкан.

Од друга страна, укажува Ју, сведоци сме на зголемена домашна несигурност во неколку економии во Западен Балкан. Побавната економска активност во Европската унија и зголемената глобална трговска несигурност би можеле негативно да влијаат врз изгледите за раст во регионот. 

Според Светска банка, глобалната трговска несигурност веројатно негативно ќе влијае врз Западен Балкан како резултат на забавувањето на економската активност во еврозоната. Ваквото забавување би можело да ја намали трговијата со стоки и услуги, како и инвестициите и дознаките. 

Во извештајот се наведува дека за време на овие периоди на несигурност, диверзификацијата на изворите на раст и обновата на агендата на структурни реформи се најделотворните стратегии за одржување на економската отпорност. Клучните мерки вклучуваат отстранување на пречките на пазарот на трудот – вклучувајќи ги и оние кои негативно влијаат врз жените – подобрување на регионалната економска интеграција, подобрување на стандардите за управување, како и зголемување на пазарната конкуренција за поттикнување на продуктивноста и поддршка на долгорочниот раст. Освен тоа, посочува СБ, за земјите на Западен Балкан, побрзото спроведување на реформите за пристапување во ЕУ – како што се приклучувањето во Единственото подрачје за плаќање во евра (СЕПА) и воведувањето на „зелени ленти“ за рационализирање на прекуграничната трговија – би можело дополнително да ја подобрат довербата на бизнисите, да привлечат инвестиции и да го поттикнат создавањето на работни места.

Во извештајот исто така се нагласува како зголемувањето на температурите и екстремните временски прилики, заедно со преодот кон економија со ниско ниво на јаглерод ги преобразуваат секторските вработувања во регионот, што пак бара значително прилагодување на работната сила.

Според Светска банка, шесте земји на Западен Балкан треба да дадат приоритет на реформирањето на своите системи за социјална заштита и услугите за вработување. Ова ќе ѝ помогне на работната сила во секоја од овие земји да се справи со негативните временски прилики како што се поплавите, сушите и шумските пожари и да биде подготвена за нови можности за вработување чии главен двигател е зелената транзиција.

– Зајакнувањето на системите за заштита на приходите на трудот да одговорат на потресите на вработувањето и подобрувањето на флексибилноста на системите за социјална заштита би можело да помогне во спречување на луѓето да западнат во сиромаштија. Освен тоа, преквалификацијата на работниците за зелени работни места би помогнала да се одговори на еволуирањето на побарувачката за вештини, промовирање на продуктивноста и растот – укажува Светска банка во Редовниот економски извештај за Западен Балкан.

Претходно, Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај,  наведе дека растот на македонската економија  оваа и следната година ќе изнесува 3,2 проценти,  со стапка на инфлација од  3,4, односно 2,2 проценти.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, по објавата на извештајот на ММФ, оцени дека проекцјата на Владата за раст на економијата на земјава од 3,7 проценти е реална.

– Оваа криза која дава голема неизвесност ние како држава може многу да ја искористиме, во смисла на префрлање на капацитетите од европските земји. Капацитетите во европските земји ќе се затвораат и понатаму, затоа што царините значат повисоки набавни цени и на тој начин европскиот пазар ќе бара алтернативи за отворање капацитети онаму каде што ќе имаат на некој начин поевтина работна сила. Иако во земјава веќе не е евтина работната сила, но е сепак на пониско ниво од европската. Оттука мислам дека проекцијата од 3,7 проценти е реална, рече Димитреска Кочоска при учеството на Пролетните средби на Групацијата на ММФ и Светска банка. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ахмети со честитка по повод Независноста на Македонија: Албанците не

08/09/2026
Македонија

Сиљановска Давкова: Независноста е трајна задача – да ја градиме

08/09/2026
Македонија

Земјотрес ја стресе Македонија, еве каде бил епицентарот

08/09/2026
Македонија

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026
Македонија

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство

07/09/2026
Македонија

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати

07/09/2026
Македонија

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови потврдуваат дека локалитетот

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45535
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ахмети со честитка по повод Независноста на Македонија: Албанците не бараа друга држава, туку еднаквост

08/09/2026

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по повод 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија упати порака

Сиљановска Давкова: Независноста е трајна задача – да ја градиме Македонија за младите да останат

08/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитка по повод 35 години независна Македонија. „Пред  35 години го доживеавме нашиот трет Илинден,

Земјотрес ја стресе Македонија, еве каде бил епицентарот

08/09/2026

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy