Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителот Коцевски за пожарот во Кочани: Може да се прошири истрагата, но зависи од доказите
Македонија

Обвинителот Коцевски за пожарот во Кочани: Може да се прошири истрагата, но зависи од доказите

08/05/2025

AA

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред почетокот на седницата на Советот за јавни обвинители изјави дека Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто за настанот, во меѓувреме, исто така, се координираат со вешти лица во однос на истрагата.

Во одговор на новинарско прашање дали ќе се прошири истрагата за полициските службеници кои биле вечерта во дискотеката „Пулс“, Коцевски рече дека сѐ до завршување на истрагата можно е евентуално проширување, но, вели, тоа зависи од доказите и она што ќе го обезбедат јавните обвинители. Според Коцевски, нема никаква селективност во истрагата досега, а нема да има ни понатаму.

— Во Јавното обвинителство за организиран криминал има постапка за 14 или 15 лица, за кои нема определено мерки притвор. Нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму. Како што веќе имам кажано, сѐ до завршување на истрагата можно е евентуално проширување, меѓутоа тоа зависи од доказите и од она што јавните обвинители ќе го обезбедат. Истрагата е во исклучително важна фаза сега, затоа не можам да споделувам подетални информации во однос на истрагите кои што се водат
рече Коцевски. 

Дали е можно пролонгирање на постапката, со оглед на тоа што станува збор за обемна истрага со голем број осомничени лица, тој рече дека, според него, нема да се пролонгира постапката, имајќи ја предвид сегашната динамика на јавните обвинители. 

— Во моментов има јавни обвинители кои работат и во Кочани и во Скопје, така што согласно динамиката со која работат, мислам дека нема да има никаков проблем да се заврши постапката во предвидениот рок, рече Коцевски.

На прашање дали се соочува со некакви притисоци во врска со начинот како да се води истрагата, имајќи во предвид фактот што владеачката гарнитура, претходно, имаше намера за отпочнување постапка за негово разрешување, Коцевски рече од почнување на истрагата немам никакви притисоци или евентуално закани.

— Истото го имам кажано неколку пати, се работи за политичка одлука. Во моментов од почнување на истрагата немам никакви притисоци или евентуално закани околу однос на тој дел, изјави Коцевски.

Коцевски, исто така, укажа дека на веб страницата на Обвинителството сите можат да споделуваат информации во врска со настанот, гарантирајќи дека тоа е доверливо и нема да излегува во јавност.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа поврдени. Дел од повредени беа хоспиталзирани во земјава, а некои беа пренесени на лекување во странство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy