Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителката во случајот против Жан Митрев: Уф, се уморив, да продолжиме друг пат!
Македонија

Обвинителката во случајот против Жан Митрев: Уф, се уморив, да продолжиме друг пат!

15/12/2023

AA

Искра Хаџи Василева, обвинителка во случајот против клиниката и против доктор Жан Митрев, на денешното рочиште ги читаше имињата на пациентите со потсмев. Откако на барање на судијата беше побарано материјалните докази да се презентираат во целост и непосредно, обвинителката Хаџи Василева иако се противеше на оваа постапка, сепак почна со читање. По само делумно презентирање на еден поднесок, кој е доставен до обвинителството на нејзино барање, таа се измори и рече „уф се уморив, од читање, да продолжиме друг пат“, пишува МКД.мк

Од одбраната на Жан Митрев велат дека со ова обвинителството покажало дека се повлекува од случајот против Жан Митрев затоа што обвинителката покажува незаинтересираност да ги презентира доказите како што ѝ налага Законот за кривична постапка.

На претходните рочишта во случајот против д-р Митрев, неколку сведоци дадоа поинакви сведочења од првичните изјави, а обвинителката направи тешка повреда на одредбите од Законот за кривична постапка.

Клучните сведоци во случајот даваа контрадикторни изјави со кои сериозно го разнишаа обвинението. Една од нив е Мелита Брезева, која сведочеше дека нејзиниот сопруг самиот барал хемофилтрација иако бил одбиен од докторскиот конзилиум, се додека клиничката слика не налагала употреба на хемофилтрација. Покрај нејзиниот сопруг, уште четворица други членови од ова семејство се лечеле во клиника Жан Митрев. Иако на сите има се вратени парите за неискористените хемофилтрации, приближно 26.000 евра, сепак Брезева тужи за оштетно побарување.

На претходното рочиште сведочеше и сестрата која ја тужи клиниката за смртта на својот брат, иако тој починал во друга клиника. А еден од сведоците суштински го менува исказот кога се почувствувал измамен и оштетен откако му било предочено за што станува збор во случајот.

За ова постојат индиции дека се почувствувал измамен и оштетен откако обвинителката Хаџи Василева ја прочитала јавно наредбата за истражна постапка пред 30-40 сведоци собрани во една просторија и потоа во присуство на сите останати сведоци му земала исказ на сведокот во кој тој изјавил „откако ми објаснивте за што се води оваа постапка се чувствувам измамен и оштетен“, велат од одбраната на Митрев.

Најголемото разнишување на обвинението е поврзано со обвинителката во судскиот процес, Искра Хаџи Василева која со читањето јавно на наредбата за истражна постапка пред сите можни сведоци во предистражна постапка, според експерти кривичари направи тешка повреди на одредбите од Законот за кривична постапка. На тој начин таа оддаде тајна и влијаеше врз исказите на сведоците.

„Од аспект на постапката пак е скандалозно како надлежната обвинителка ги убедува пациентите дека се оштетени и ги наведува како да сведочат пред судот! Убеден сум дека вака поставен случајот на обвинителството е многу слаб и не би можел да помине во нормална држава“, изјави за МКД.мк Гордан Калајџиев, професор по кривично право на Правниот факултет во Скопје.

Иако обвинението се однесува на измама врз оштетените од страна на д-р Митрев, сепак сите сведоци досега сведочеа дека немале директен, непосреден контакт со него, за да може делото да биде извршено

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy