Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинетиот за убиството кај Мавровка: Не сакав да го убијам човекот, многу се каам
Македонија

Обвинетиот за убиството кај Мавровка: Не сакав да го убијам човекот, многу се каам

10/03/2025

AA

На денешното судење за убиството кај Мавровка, Елвин Куртовиќ кој е обвинет за убиството на скопскиот бизнисмен, 59-годишниот Васил Ефтимов призна вина.

Обвинетиот Елвин Куртовиќ кој, всушност, издржувал казна затвор, но бил пуштен на викенд и не се вратил во „Идризово“ во дадениот рок изрази жалење за стореното и кажа пред судот дека неколку дена бил под дејство на кокаин.

„Воопшто не се чувствувам добро емотивно, но и психички. Многу се каам за кривичното дело. Не сакав да го убијам човекот. Се случи несреќа. Бев под дејство на дроги неколку денови, навистина. Пред тоа лежев за некакви ситни дела во споредба со ова што сега одговарам. Многу ми е жал, тоа е се што имам да кажам“, изјави Елвин Куртовиќ.

Тој не призна вина за другите две дела „нелегално поседување на оружје“ и „обид за убиство“ на полицајците кои беа во потрага по него на критичниот ден.

Неговата адвокатка Софија Лаличиќ побара најблага можна санкција, бидејќи нејзиниот клиент поради конзумирањето дрога не можел да расудува правилно и да го сфати значењето на своите постапки. Според неа, и државата потфрлила, најпрво што не успеала ресоцијализацијата на Куртовиќ, а потоа што останал на слобода.

„Зошто го кажувам сето ова, за да ја поделам вината за стореното кривично дело на обвинетиот со  државата. Точно тој убил човек. Но, барам еднаш да бидеме одговорни и да им погледнеме на фактите во очи, а тоа е дека во нашата држава многу кривични дела се случуваат затоа што наделжни институции не си ја завршуваат соодветно својата работа“, рече Софија Лаличиќ, адвокатка на Куртовиќ.

Обвинителството очекува најстрога и адекватна казна во крелација со фактот дека обвинетиот е веќе осудено лице. Во четврток ќе биде изречена пресудата. Минималната казна е 10 години, а максималната доживотен затвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ристески: Цените се под контрола и засега нема потреба од

06/08/2026
Македонија

Недостиг на терапија за онколошките пациенти: Здружението „Хема-Онко“ бара системско

06/08/2026
Македонија

30-ти роденден на 2.200 метри височина: Габриела Панајотова го прослави

06/08/2026
Македонија

Паднатите дрвја од невремето стануваат моторички парк на Водно: Ѓорѓиевски

06/08/2026
Македонија

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, туризмот бележи силен

06/08/2026
Македонија

Историски нискиот водостој на Дунав ги крена цените на струјата:

06/08/2026
Македонија

Владата не планира зголемување на цената на струјата, можно проширување

06/08/2026
Македонија

Струга бележи рекордна посетеност: Богатата летна програма ги исполни бреговите

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44888
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ристески: Цените се под контрола и засега нема потреба од вонредни мерки, од есен драстично

06/08/2026

Инфлацијата и цените на основните производи во земјава се под контрола, а Владата засега не планира воведување нови вонредни мерки,

Недостиг на терапија за онколошките пациенти: Здружението „Хема-Онко“ бара системско решение и долгорочна стратегија

06/08/2026

Проблемот со недостигот на дел од терапијата за онколошките пациенти во моментот е надминат, откако пратката од лекови вчера започна

30-ти роденден на 2.200 метри височина: Габриела Панајотова го прослави јубилејот на Големото Езеро на

06/08/2026

Со поглед што го одзема здивот и на 2.200 метри надморска височина, Габриела Панајотова го прослави својот 30-ти роденден на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy