Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинение за упадот во „Инфомакс“: Напаѓачот бил пресметлив кога кршеше врати и се закануваше во „Тешки муабети“
Македонија

Обвинение за упадот во „Инфомакс“: Напаѓачот бил пресметлив кога кршеше врати и се закануваше во „Тешки муабети“

18/12/2025

AA

Основното јавно обвинителство Скопје експресно ја заврши истрагата и поднесе обвинение против лицето кое на 10 декември изврши насилен упад во редакцијата на порталот „Инфомакс“. Напаѓачот ќе одговара за две кривични дела: „Насилство“ и „Спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.

Инцидентот, кој се случи додека во живо се емитуваше емисијата „Тешки муабети“, доби правна разрешница откако обвинителот ги прибра сите докази за грубото насилство врз двајца новинари и нивниот гостин.

Според обвинителниот акт, мотивот за нападот биле критиките упатени кон премиерот за време на емисијата.

Внатре настанал хаос – иако еден од новинарите се обидел да го спречи, обвинетиот продолжил да вика, да пцуе и да упатува закани по живот. Ситуацијата ескалирала кога тој се обидел физички да ги нападне присутните, замавнувајќи со рацете и фрлајќи со чаша кон нив. Присутните сепак успеале да го смират и да го извадат на улица до доаѓањето на полицијата.

Клучен момент во истрагата е медицинското вештачење. Иако обвинетиот имал претходна историја на душевна здравствена состојба, експертите утврдиле дека тој делото го извршил во состојба на пресметливост.

Поради опасноста од повторување на делото и сериозноста на инцидентот кој предизвика страв и несигурност, јавниот обвинител достави предлог за продолжување на мерката притвор.

Од ОЈО Скопје нагласуваат дека приоритетно постапуваат во сите предмети кои се однесуваат на напади врз новинари и загрозување на слободата на говор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и

23/11/2026
Македонија

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави

23/11/2026
Македонија

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат

23/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
Македонија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
Македонија

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од

23/11/2026
Македонија

ВЕЛЕШАНЕЦ, КОЈ ЧУВАЛ 10 КУЧИЊА, ПОЧИНАЛ, КУЧИЊАТА ГЛАДУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ Успешно

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46900
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и на можни одрони

23/11/2026

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по влажни коловози, а во западните делови од земјата, на некои повисоки места,

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави посебен закон и услов за

23/11/2026

Владата подготвува специјален закон со кој градежните компании ќе бидат обврзани да понудат станови со 20 отсто попуст за млади

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат нападите и заканите, најавени се

23/11/2026

Формиран е Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите, нов меѓуинституционален механизам чија цел е подобрување на безбедноста на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy