Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинение против 59-годишен скопјанец за нацистички поздрав и навреди кон директор на Фондот на Холокаустот
Македонија

Обвинение против 59-годишен скопјанец за нацистички поздрав и навреди кон директор на Фондот на Холокаустот

09/10/2025

AA

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа според член 319 став 1 од Кривичниот законик.

Во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбеди докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија. На 26.12.2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11-ти Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен.

Тој со гнев и омраза го свртел погледот кон оштетениот и започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик. Потоа се обидел да замине, но оштетениот веднаш пристапил кон полициското возило во близина и го пријавил.

Кога полициските службеници му пристапиле на обвинетиот 59-годишник за да го легитимираат, тој продолжил да се заканува, па оштетениот почувствувал загрозување, несигурност и страв и се повлекол во просториите на музејот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена мајката: Малолетничка со породилни болки донесена на Клинички

25/05/2026
Македонија

ФОТО Хаос на градилиште, се сруши дел од ископот –

25/05/2026
Македонија

Деветгодишно дете нападнато од други малолетници, добил и закани од

25/05/2026
Македонија

Македонското здружение на Србите што демонстрираше поддршка на Вучиќ во

25/05/2026
Македонија

Хорор во кичевско Другово: Ротвајлери нападнале мајка со две малолетни

25/05/2026
Македонија

Љутков: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен

25/05/2026
Македонија

Гори фабрика во Радовиш!

24/05/2026
Македонија

Уапсени возач и патник од автобус кај Тетово: Пронајдени 34.965

24/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43451
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена мајката: Малолетничка со породилни болки донесена на Клинички

25/05/2026

На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници

ФОТО Хаос на градилиште, се сруши дел од ископот – граѓаните прашуваат: Дали ова е

25/05/2026

Граѓаните со недели предупредуваа дека градилиштето на улицата „Теодосиј Гологанов“ во близина на Католичка црква, е небезбедно, а денеска дојде

Деветгодишно дете нападнато од други малолетници, добил и закани од вујкото на едниот!

25/05/2026

На 24.05.2026 околу 17:30 часот, во СВР Скопје М.М.(47) од Скопје пријави дека во населбата Бардовци, неговиот деветгодишен син бил

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy