
Обрадовиќ: Одам в канцеларија да се исплачам
Жељко Обрадовиќ пламна по прашањето на една новинарка дали е задоволен од играта на својот тим, особено во првото полувреме.
„По натпреварот ќе одам в канцеларија да се исплачам затоа што игравме лошо. Тоа ли е одговорот кој сакавте да го слушнете? По ваков натревар на играчите им реков дека ме направија горд, а вие ме прашувате зошто сме играле лошо. Одигравме препаметно во нападот, препознавме се што треба, бевме извонредни“, одговори Обрадовиќ.
Неговиот Партизан го победи Макаби со 88-79 и покрај тоа што губеше со 24 поени разлика во првото полувреме, а натпреварот го почна со 0-16.

