Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Историско чудо во Белград: Партизан губеше со минус 24 и на крајот – победи!
Спорт

Историско чудо во Белград: Партизан губеше со минус 24 и на крајот – победи!

13/01/2024

AA

Екипата на Партизан одигра историски натпревар и на магичен начин ја прекина серијата од два пораза во Евролигата.

На домашен терен, „црно-белите“ го совладаа Макаби со 88-79 иако на стартот од втората четвртина губеа со 24 поени разлика. Израелскиот тим почна фуриозно, по пет минути игра на семафорот стоеше 0-16, во 12. минута ги достигна највисоките 37-13, но Партизан уште еднаш покажа дека не смее да биде отпишан под какви било околности.

До полувреме намали на 36-52, а вторите 20 минути ги доби со 52-27. На средина од третата четвртина веќе беше јасно дека натпреварот за Партизан тукушто почнува, со серија од 15-4 се доближи на само пет поени негатива, Макаби привремено отиде на 60-51, но следуваа девет поени по ред на домашниот тим за прво израмнување на натпреварот.

Резултатот целосно беше свртен во корист на Партизан по уште една серија од 13-4 на стартот од последниот квартал по кој „црно-белите“ отидоа на 80-71 по што Макаби не успеа да ја загрози победата на противникот. Пресвртот од 24 поени негатива е најголем на Партизан во Евролигата.

Пи Џеј Доузер со 23 поени беше најефикасен на мечот и најзаслужен затоа што Партизан се одржуваше во игра во првото полувреме во кое постигна 16 од првите 26 поени на својот тим. Нанели додаде 20 поени со 9 скока и 5 асистенции, додека Болдвин беше прв стрелец на Макаби со 19 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Виртус 99-75
Барселона – Жалгирис 91-73
Басконија – Олимпијакос 80-69
Партизан – Макаби 88-79
Асвел – Алба 63-88

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy