
Обдукциските наоди од Вања и Панче пристигнаа во Обвинителство
Наодите од извршената обдукција врз телата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Ванче од Велес пристигнаа во Јавното обвинителство.
Што точно има во наводите јавноста ќе дознае дури откако ќе се поднесе обвинение и започне судски процес.
Од Обвинителството само потврдуваат дека извештаите се пристигнати и додаваат дека нема да соопштат детали поради истрагата која е во тек.