
Објавена снимка од имплозијата на подморницата Титан
Американската крајбрежна стража објави аудиоснимка за која се верува дека е звучна снимка од експлозијата на подморницата Титан, која се случи во јуни 2023 година.
Снимката е направена од Националната управа за океани и атмосфера со помош на пасивен акустичен рекордер, на околу 900 милји од местото на експлозијата, соопшти крајбрежната стража.
Подморницата Титан експлодираше на 18 јуни 2023 година за време на експедицијата до потонатиот брод Титаник. Во несреќата загинале сите пет патници.
Аудиоснимката што ја објави крајбрежната стража е дел од истрагата на компанијата Ocean Gate, која била сопственик на подморницата и организатор на експедицијата. Самиот сопственик на Ocean Gate загинал во имплозијата.
Истрагата заклучи дека бродот бил уништен во катастрофална имплозија, ненадеен колапс поради огромен притисок. На дното на океанот, во близина на остатоците од подморницата, пронајдени се остатоците од патниците.
