Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Објавена мапа на јавни објекти во цела Македонија кои го загадуваат воздухот
Македонија

Објавена мапа на јавни објекти во цела Македонија кои го загадуваат воздухот

25/10/2023

AA

Нов Буџет, нова зима, ново загадување, нова шанса:

Ако не сакаме да дишеме воздух кој светските медиуми го опишуваат дека „мириса на изгорена пластика“, сега е шансата да се направи промена!

Се подготвува новиот државен буџет за 2024 година што е можност да се обратите до пратениците од секоја изборна единица и заедно да притискаме за повеќе пари за борба против загадувањето на воздухот! И општинските буџети се во подготовка, па нивното вклучување во борбата против загадувањето мора да е насочена кон веќе детектираните локални проблеми со воздухот од загревањето на општински објекти.

Во 2023-та НЕ СЕ НАПРАВИ промена на начинот на греење кај огромен број на јавни објекти кои се греат на нафта и мазут за да се намали загадувањето на воздухот во зима.

ТИЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ да загадуваат и оваа зима и повторно ќе бидеме меѓу трите најзагадени земји во Европа.

Шанса за Центар само во Скопје мапираше над 100 јавни објекти – болници, градинки, училишта, касарни, судови… и други установи кои користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има централно парно греење. По скопското мапирање, продолживме со обележување на такви објекти низ цела Македонија. Најдовме близу 700 такви објекти!

Нема град кој во своето урбано јадро нема еден куп јавни објекти кои го загадуваат воздухот.

Скопје води, но во незавидна положба се и граѓаните во Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Гостивар…речиси никој не е поштеден.

За загревање на овие објекти и оваа грејна сезона може да се потрошат над 16,5 милиони литри нафта за греење и над 4,8 илјади тони мазут. Тие и ќе ги дишеме!

За нивното загревање за една сезона граѓаните преку Буџетот на државата и на општините ќе платат над 20 милиони евра.

Погледнете ја нашата нова мапа на јавни објекти кои се греат на мазут и нафта низ целата држава: https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1VbzxgPy8resTirwinAJgYJ80P-4nH7A&usp=sharing

Да ги притиснеме пратениците во Собранието и советниците да се заложат за мерки во Буџетот за 2024-та во нивните изборни единици и да дадеме шанса на сите општини да станат почисти!

Граѓанска иницијатива Шанса за Центар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44952
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно знаме и химната „Денес над

11/08/2026

На 11 август 1992 година, со одлука на Собранието на Република Македонија, беа донесени два клучни државни симболи на независната

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy