Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОЈО покрена обвинение за тешката сообраќајна незгода во Велес каде почина малолетно девојче
Македонија

ОЈО покрена обвинение за тешката сообраќајна незгода во Велес каде почина малолетно девојче

14/02/2023

AA

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 30-годишен велешанец, за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и за Неукажување помош на лице пвредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 17.12.2022 година, управувајќи автомобил „Мерцедес“ по улицата „Борис Трајковски“ во Велес, не се придржувал кон сообраќајните прописи, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.


Иако бил во алкохолизирана состојба, тој управувал со автомобилот, па приоѓајќи во близина на обележан пешачки премин, не ги почитувал сообраќајните знаци. Возел со брзина од околу 68 километри на час, што е повеќе од двојно над дозволената брзина на критичниот дел од патот, каде постоел и сообраќаен знак за максимално дозволена брзина од 30 километри на час. Обвинетиот не обрнал внимание на пешаците и со автомобилот удрил во мајка и ќерка кои во тој момент поминувале преку обележаниот пешачки премин. Од ударот мајката се здобила со телесна повреда на челото. Девојчето, пак, било исфрлено 10-тина метри напред, до следниот пешачки премин, каде паднало на земја, се здобило со бројни тешки повреди во пределот на главата и екстремитетите и починало.

Наместо да застане и да им помогне на жртвите, обвинетиот со несмалена брзина продолжил да вози во правец кон населбата Превалец. Обвинителниот акт е поткрепен со изјави на сведоци на настанот, фотодокументација и видео записи од камери на неколку околни објекти, како и со повеќе вештачења извршени по наредба на јавниот обвинител.


По несреќата, обвинетиот го оставил автомобилот на место подалеку од својот дом и го исклучил мобилниот телефон, па не бил достапен до 19.12.2022 година кога се предал на органите на прогонот. Ова за јавниот обвинител неспорно го потврдува стравот дека доколку се брани од слобода, тој би можел повторно да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Освен тоа, нему претходно веќе му биле изречени две прекршочни казни за забрана за управување со моторно возило поради алкохолизираност, кои не ги почитувал, што упатува на веројатност да го повтори кривичното дело. Со тие аргументи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Велес достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор спрема обвинетиот.​​


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САХАРСКАТА ПРАШИНАТА ОД ГРЦИЈА ДОАЃА И ВО МАКЕДОНИЈА Воздухот ќе

15/04/2026
Македонија

„МЕ УДИРАШ ПО БУБРЕЗИТЕ ЗА ДА НЕ СЕ ПОЗНАВА, ОТИ

15/04/2026
Македонија

УЈП: Оданочувањето на приходите од странство е постоечка законска обврска,

15/04/2026
Македонија

Град Скопје исплатил 750.000 евра за оштети од напади на

15/04/2026
Македонија

СТАРИ ЧОВЕЧКИ КОСКИ ОСТАВЕНИ ВО ВРЕЌА НА ПАТЕКА ВО БУТЕЛ!?

15/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ СТАПИ ВО КОНТАКТ СО ПАРТИЈАТА НА МАЃАР Потврдена силната

15/04/2026
Македонија

СДСМ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ЈА СРАМИ ДРЖАВАТА Од ВМРО-ДПМНЕ бараат

15/04/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ за првпат во Штип: Ова не е

15/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42515
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САХАРСКАТА ПРАШИНАТА ОД ГРЦИЈА ДОАЃА И ВО МАКЕДОНИЈА Воздухот ќе биде заматен и загаден

15/04/2026

Територијата на Македонија е под влијание на изразено јужно воздушно струење кое носи значителни количества прашина и песок од Сахара,

„МЕ УДИРАШ ПО БУБРЕЗИТЕ ЗА ДА НЕ СЕ ПОЗНАВА, ОТИ ТАКА ТЕ НАУЧИ ТАТКО ТИ

15/04/2026

Обвинителката Адела Бојчевиќ на денешното продолжение на судењето на обвинетиот Стојанче Јовановски во Кривичниот суд изведе повеќе материјални докази, меѓу

УЈП: Оданочувањето на приходите од странство е постоечка законска обврска, а не нов данок

15/04/2026

Управата за јавни приходи (УЈП) на денешниот брифинг со медиумите ја појасни законската рамка и процедурите поврзани со оданочувањето на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy