Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „МЕ УДИРАШ ПО БУБРЕЗИТЕ ЗА ДА НЕ СЕ ПОЗНАВА, ОТИ ТАКА ТЕ НАУЧИ ТАТКО ТИ ПОЛИЦАЕЦОТ?“ Дрогата ти го исуши паметот, му вели Ивана на Стојанче
Македонија

„МЕ УДИРАШ ПО БУБРЕЗИТЕ ЗА ДА НЕ СЕ ПОЗНАВА, ОТИ ТАКА ТЕ НАУЧИ ТАТКО ТИ ПОЛИЦАЕЦОТ?“ Дрогата ти го исуши паметот, му вели Ивана на Стојанче

15/04/2026

AA

Обвинителката Адела Бојчевиќ на денешното продолжение на судењето на обвинетиот Стојанче Јовановски во Кривичниот суд изведе повеќе материјални докази, меѓу кои и видеоснимки на кои се гледа неговата покојна сопруга Ивана Јовановска како плаче и го обвинува дека ја тепал.

Ивана Јовановска си го одзеде животот на 2 март 2026 година со скок од 6. кат од станот каде живеела со насилниот сопруг во скопската населба Тафталиџе, а притоа со себе во смрт ја однесе и нивната 6-годишна ќерка Катја.

На Стојанче Јовановски му се суди за 3 кривични дела: Телесна повреда, Загрозување на сигурноста и за Наведување и помагање во самоубиство.

На првата снимка, направена од телефонот на Јовановски на 10 февруари годинава, Стојанче ја снимал Ивана непосредно откако таа го пријавила на 112 за семејно насилство.  Се гледа Ивана како стои во ходникот пред вратата од нивниот стан и му зборува на Стојанче плачејќи, со скрстени раце, како да се брани. Му вели: „Не ме удирај веќе“, по што се држи за главата и плаче. Стојанче одговара: „Добро, не те удирам“. На тоа Ивана му одговара: „Зошто ме удираш, зошто ме удри, ајде кажи ми?“. Стојанче се смее.

Ивана повторно му вели: „Зошто ме удри?“ и со левата рака се држи кај бубрезите. Стојанче се обидува да ја отвори вратата пред која стои Ивана и се смее, ја исмева Ивана и ја имитира со зборовите: „Еве кај ме удри“. Ивана му кажува дека го пријавила за семејно насилство.

Во еден момент Ивана му се обраќа: „Дрогата ти го исуши паметот, се утепа од дрогирање, со дрога во гепек те фатија, глумиш дека не е твоја зашто не ти се оди во затвор“.

На тоа, Стојанче ја обвинува сопругата дека заедно со Мартин Саздов му ја подметнале дрогата во неговиот автомобил. Ја навредува со погрдни зборови.

На втор видеозапис се гледа дека Ивана стои во ходникот пред вратата со Стојанче и се расправаат. Таа е видно вознемирена и плаче, а Стојанче цело време ја снима и се смее. Стојанче ѝ вели на Ивана „да му се тргне“, на што таа му одговара со плачење: „Што да ти се тргнам, што ме тепаш цело време?“.

Ивана ја поткрева блузата и пак ја спушта и му вели: „Сега викна полиција и чекај си ја, да им кажеш што имаш направено, зашто ме истепа и ми викна полиција“.

Потоа му се обраќа со зборовите: „По бубрези ме маваш зашто сам ми имаш кажано дека татко ти мавал по бубрези кога бил полицаец, за да не се познава. А по скали што ме бутна во болница пред сведоци, што сакаше да ме убиеш и што те пријавив? Колку пати ме имаш тепано? Во систем колку пријави има дека има семејно насилство од твоја страна“, вели Ивана.

Обвинителството презентираше и две видеоснимки од моментот кога Стојанче Јовановски заедно со Мартин Саздов и Ивана Јовановска пристигнуваат кај Кривичниот суд со возилото на Саздов на критичниот ден околу 11.30 часот, што е два часа пред самоубиството. Се гледа како обвинетиот Јовановски гестикулира со рацете, вика и ѝ објаснува нешто и ја удира Ивана со шлаканица. Камерата што го снимила инцидентот е од катната гаража „Судска палата“, а присутен на настанот е и Мартин Саздов. Ивана се јавува да повика полиција. Полицајците пристигнуваат и разговараат со Мартин, Ивана и со Стојанче. По разговорот, потпишуваат некакви документи. Потоа сите тројца влегуваат во возилото и заминуваат.

На втората снимка во близина на судот, Ивана пак повикува полиција.

Обвинителството презентираше и вешт наод и мислење во кое еден психолог и еден психијатар утврдиле јасна и директна причинско-последична врска меѓу долготрајното семејно насилство на Стојанче Јовановски и психичката состојба на Ивана Јовановска.

Обвинителството на Судот му достави и податоци извлечени од мобилниот телефон на Стојанче Јовановски, договорот за дар на станот, обдукциските извештаи од телата на Ивана и на Катја, извештаи од Центарот за социјални работи Скопје, документација од Клиниката за дигестивна хирургија, извештаи од претресот на станот итн.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на

20/06/2026
Македонија

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште

20/06/2026
Македонија

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари

20/06/2026
Македонија

Намалување на цената на горивата од понеделник, најави Мицкоски

20/06/2026
Македонија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека

20/06/2026
Македонија

Списокот за новиот владин кабинет до 1 јули пред пратениците,

20/06/2026
Македонија

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и

20/06/2026
Македонија

Коалицијата „Менуваме“ најавува протест и бара правда за лицата со

20/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43846
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на родот, Закон за матична евиденција,

20/06/2026

Со пораки за еднаквост, прифаќање и видливост, денес од фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк започна осмата Парада на гордоста во

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште активен

20/06/2026

До 18 часот, на територијата на целата земја се регистрирани десет пожари на отворен простор, од кои девет се целосно

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари месечно; храната „голта“ третина од

20/06/2026

Четиричлено семејство во Македонија во јуни 2026 година имало потреба од најмалку 68.654 денари за покривање на основните месечни трошоци,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy