
Џо Харт оди во пензија!
Искусниот чувар на мрежата разговарал со тренерот Брендан Роџерс и му кажал дека ќе се повлече од спортот.
„Џо заслужува пофалби и честитки за неговите успеси во кариерата. Ни помогна во Селтик во домашното првенство, но и во Европа. Тој е неверојатна личност, верувам дека до крајот на сезоната ќе го даде својот максимум“, кажа Роџерс.
Харт во кариерата играше за Шрусбери, Манчестер сити, Транмере, Блекпул, Бирмингем, Торино, Вест хем, Барнли, Тотнем и Селтик.

