Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Џо Бајден на 9 март ќе го презентира предлог-буџетот на САД
Македонија

Џо Бајден на 9 март ќе го презентира предлог-буџетот на САД

31/01/2023

AA

Американскиот претседател Џо Бајден на 9 март ќе претстави предлог за американски план за трошоци, jавија американски медиуми повикувајќи се на неименуван извор запознат со планот на Белата куќа.

Бајден утре во Белата куќа ќе се сретне со претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти, за да разговара за планираните владини трошоци, вклучително и приближувањето до лимитот на државниот долг на САД.

Мекарти е подготвен да разговара за секоја мерка во врска со лимитот на националниот долг, додека Бајден останува на ставот дека не подигањето на лимитот на долгот за плаќање на претходно одобрениот американски буџет не е добра основа за дискусија.

Американскиот претседател може да претстави предлог-буџет, но на Конгресот е да донесе каква било легислатива или мерка поврзана со буџетот.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен претходно изјави дека САД би можеле да го достигнат лимитот на долгот уште во јуни и го повика Конгресот да преземе конкретни мерки во врска со таа ситуација.

Демократите на Бајден го имаат мнозинството во Сенатот, додека републиканците го презедоа мнозинството во Долниот дом по минатогодишните избори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Едно лице загина во Скопје, двајца тешко повредени во Кочани

25/01/2026
Македонија

СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Влажни коловози и апел за внимателно

25/01/2026
Македонија

Денеска Тоше ќе полнеше 45 години: Сестра му Дора со

25/01/2026
Македонија

Над 440 тони храна завршија на депонија: АХВ со голема

25/01/2026
Македонија

Атмосфера за паметење на Попова Шапка: Ноќно скијање, оган и

25/01/2026
Македонија

НАД 125 ИЛЈАДИ КОНТРОЛИ ВО ЕДНА ГОДИНА Уништени над 355

25/01/2026
Македонија

АКО НЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ МЕНУВАМЕ НА КРАЈ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ

24/01/2026
Македонија

КРИТИКИТЕ НА ДИСКУТАНТИТЕ БИЛЕ КОНСТРУКТИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ Филипче задоволен од

24/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40590
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy