Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новогодишна кампања на Телеком: Најтешката порака е неиспратената
Македонија

Новогодишна кампања на Телеком: Најтешката порака е неиспратената

20/11/2025

AA

За време на празниците, ТВ содржини без дополнителен надомест, празнични цени на одбрани уреди и на сите филмови од MagentaTV видеотеката и други изненадувања за сите корисници

Минатата година Телеком ја отвори темата за рушење на бариерите и за вистинско поврзување. Оваа година, компанијата ја продолжува истата приказна, фокусирајќи се на една универзална бариера со која се соочуваме сите — прекинатите врски со луѓето што ги сакаме. Сите го знаеме тоа чувство — кога ќе се оддалечиме од некој што ни бил близок, некоја порака останува неиспратена и како што поминува времето, тишината станува сè потешка. Со Новогодишната кампања, Телеком потсетува дека сè што е потребно за повторно поврзување е само да ја испратиме таа порака.

Видео со порака за повторно поврзување со оние коишто ни значат

Видеото на кампањата раскажува приказна за една млада жена којашто е оптоварена со неиспратената порака до својата мајка. Емотивната тежина на тишината добива физичка форма — таа се претвора во една голема, тешка вреќа што постојано ја следи. Дури откако конечно ќе собере храброст да ја испрати пораката, таа се ослободува од товарот. Вреќата исчезнува.

Кампањата е заснована на една едноставна вистина: нема потешка порака од онаа што не ја испраќаме, а тишината може да нè оддалечи повеќе од која било граница или бариера. Со оваа кампања сакаме да ги поттикнеме луѓето да ја прекинат тишината, да го надминат она што ги спречува да преземат акција и повторно да се поврзат со оние што им значат најмногу.

Видеото се емитува во десет земји членки на Групацијата Дојче Телеком:

Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Полска и Словачка, како и Германија.

Новогодишни поволности за корисниците на Телеком

И овие празници Телеком подготви многу поволности за своите корисници. Почнувајќи од 20-ти ноември, ТВ пакетите HBO, Gley, PickBox, како и „Учиме со Биби и Боби“ ќе може да се гледаат без надомест, а сите филмови од MagentaTV видеотеката ќе се изнајмуваат за само 29 денари. Ќе бидат достапни и голем број уреди по празнични цени, а со секој нов или обновен договор на тарифата Magenta 1 Unlimited корисниците добиваат и празнично изненадување. Дополнително, тие ќе можат да активираат и 5 GB роаминг интернет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР И МНОГУ ДОЖД Невреме за

20/11/2025
Македонија

ВИДЕО Претепана малолетничка, но правдата е блокирана: Обвинителството во Штип

20/11/2025
Македонија

Новогодишна кампања на Телеком: Најтешката порака е неиспратената

20/11/2025
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО АПСЕШЕ, А СУДСТВОТО СУДЕШЕ ПО ЖЕЛБИТЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ

20/11/2025
Македонија

Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски

20/11/2025
Македонија

Го следел, кочел пред возилото, па го удрил – скопјанец

20/11/2025
Македонија

Утре пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер – УХМР

20/11/2025
Македонија

ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО ЦЕЛТА И ВО ПИРИНСКИОТ ДЕЛ ОД БУГАРИЈА

20/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37883
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР И МНОГУ ДОЖД Невреме за викендот, од понеделник утрински студ

20/11/2025

Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт метеоаларм за силен ветер и за локален, но обилен дожд. Наместа врнежите ќе бидат

ВИДЕО Претепана малолетничка, но правдата е блокирана: Обвинителството во Штип молчи, таткото не се откажува!

20/11/2025

Шокантен случај на насилство меѓу малолетници во Штип отвори сериозни прашања за постапувањето на институциите. Според информациите објавени од Порталикс,

ОБВИНИТЕЛСТВОТО АПСЕШЕ, А СУДСТВОТО СУДЕШЕ ПО ЖЕЛБИТЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ Пренџов го обвини СДСМ дека

20/11/2025

За време на владеењето на СДСМ со законски решенија беа поставувани партиски кадри во Судскиот совет, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy