
Ново чудо на Дончиќ: Даде кош со удар во семафорот и одбивање на топката од паркет (ВИДЕО)
Словенечкиот репрезентативец е познат по тоа што со леснотија постигнува кошеви од различни позиции и од неверојатни ситуации, а вечерва успеа да ја помести границата на „лудоста“
Дончиќ неодамна постигна кош откако топката прво удри во семафорот на врвот на центарот на Американ Ерлајнс, а пред дуелот со „ракетите“ отиде чекор понатаму. Повторно семафорот беше „асистент“, но овој пат топката удри во паркетот пред да помине низ обрачот. Малку е да се каже дека дури и соиграчите на Лука беа во чудо.
