Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новиот папа ќе биде познат до крајот на мај – еве некои од можните наследници
Македонија

Новиот папа ќе биде познат до крајот на мај – еве некои од можните наследници

22/04/2025

AA

Утре наутро посмртните останки на папата Франциск ќе бидат изложени за поклонение во базиликата „Свети Петар“, каде што ќе останат три дена.

Погребалната церемонија ќе се одржи во сабота во 10 часот по локално време. На настанот се очекува да присуствуваат верници, монарси и светски лидери.

Како што веќе е познато, Франциск по негова волја ќе биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим.

Меѓу 15-иот и 20-иот ден по смртта на папата, кардиналите треба да се соберат во Сикстинската капела за т.н. конклав. Се очекува тоа да се случи меѓу 5 и 10 мај. Постапката за избор на нов папа може да трае до 20 дена, што значи дека новиот поглавар на Римокатоличката црква ќе биде познат до крајот на мај.

Иако е тешко да се издвојат фаворити, еве некои од можните кандидати:

„Свештеникот на улицата“ и „италијанскиот Берголио“ – архиепископот на Болоња, Матео Зупи, е еден од споменуваните. Тој беше посредник при постигнувањето мир по граѓанската војна во Мозамбик, а Франциск го назначи за специјален пратеник во конфликтот меѓу Русија и Украина.

Фаворитот на либералното крило е архиепископот на Марсеј, Жан-Марк Авлин, кој ги дели ставовите на Франциск за имиграцијата и важноста на врските со муслиманскиот свет. Доколку биде избран, ќе биде првиот француски папа по 14. век.

Ако кардиналите се свртат кон конзервативната страна, можно е да го изберат унгарскиот кардинал Петер Ердо. За време на мигрантската криза во 2015 година, тој се противеше на прифаќањето бегалци во црквите.

Некои аналитичари предвидуваат дека следниот папа може да доаѓа од Африка. Еден од најсериозните кандидати е кардиналот од Гана, Питер Терксон, близок советник на Бенедикт XVI за климатски прашања.

Ако пак папството се врати во Рим по три неиталијански папи, можно е водството да го преземе државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин. Како долгогодишен дипломат, Паролин е архитект на приближувањето меѓу Католичката црква и Кина, и се смета за компромисен избор меѓу прогресивците и конзервативците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy