Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новинари низ Европа шпионирани од нов софтвер!
Македонија

Новинари низ Европа шпионирани од нов софтвер!

13/06/2025

AA

Двајца италијански новинари кои открија афери поврзани со владејачката партија на премиерката Џорџа Мелони биле мета на комерцијален шпионски софтвер произведен од израелска компанија, поддржана од САД. Според истрагата на канадската истражувачка група Citizen Lab, во Европа е идентификувана и трета жртва, но бројот на потенцијално следени лица и вистинскиот нарачател на шпионирањето остануваат непознати.

Прислушувани биле Чиро Пелегрино и Франческо Канчелато, уредници на истражувачкиот портал Fanpage.it, кој лани уфрли новинари во младинскиот подмладок на партијата на Мелони. Во снимените материјали, членовите на партијата даваа расистички и фашистички изјави.

Во април нивните телефони ги алармирале дека се под напад од платенички софтвер, по што уредниците ги доставиле уредите на анализа до Citizen Lab. Тие потврдиле дека се работи за Graphite, софтвер за шпионирање развиен од израелската компанија Paragon Solutions.

Graphite функционира слично на познатиот Pegasus – шпионира без акција од страна на корисникот, и има пристап до апликации како WhatsApp и Signal, вклучително и до шифрирани пораки. Компанијата Мета во јануари објави дека Graphite бил користен за компромитирање на 90 корисници во 20 земји – најмногу во Европа.

Италијанската влада, под притисок на јавноста и синдикатот на новинари, беше предмет на парламентарна истрага. Иако разузнавачките служби формално не го шпионирале Канчелато, истрагата утврди дека Graphite и слични алатки се користат „легално“ во случаи поврзани со националната безбедност и миграцијата.

Претседателот на италијанскиот новинарски синдикат FNSI, Виторио ди Трапани, изјави:

„Неприфатливо е во демократска земја новинарите да бидат шпионирани без јасни причини. Не знаеме колкумина се мета, а тоа е застрашувачко.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Грабната 23 годишна девојка од Скопје

25/01/2026
Македонија

ЗОШТО МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ Е БОРДО? Симболика и значење на боите

25/01/2026
Македонија

ЗА ПОМАЛКУ ЖРТВИ НА ПАТОТ „Безбеден град“ работи автоматски и

25/01/2026
Македонија

Хоас на гробиштата во Ѓорче Петров: Се степаа за паркинг

25/01/2026
Македонија

„Безбеден град“ се шири во Куманово и Тетово: Денеска тест-блокади

25/01/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ЗАГИНА ВО АВТОКОМАНДА Три страшни сообраќајни несреќи, еден починат

25/01/2026
Македонија

Циклон ја зафаќа Македонија: Обилни врнежи од дожд и грмежи,

25/01/2026
Македонија

Едно лице загина во Скопје, двајца тешко повредени во Кочани

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40597
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини, сè зависи од

23/06/2025

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy