Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нови ваучери ќе дели Владата! 300 евра за одмор на семејства до 50 илјади примања
Македонија

Нови ваучери ќе дели Владата! 300 евра за одмор на семејства до 50 илјади примања

09/02/2024

AA

Од понеделник во Министерството за економија за ваучер за одмор во вредност од 300 евра ќе може да се пријават семејствата чиј месечен буџет е 50.000 денари. Ваучерите ќе може да ги искористат во домашните угостителски објекти, кои се на листата на Министерството за економија, но надвор од сезона. Министерот Крешник Бектеши вели дека главна цел на оваа мерка е да им се овозможи одмор на лицата со ниски примања, а во исто време да им се помогне на туристичките центри да работат и надвор од туристичката сезона.

„За оваа мерка се обезбедени средства во износ од 64 милиони денари, или околу еден милион евра, за над 3.500 ваучери. Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица што се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето-приходот од 50.000 денари, што значи една просечна плата и една минимална плата. Потврдата за одмор на работници со ниски примања ќе може да се искористи надвор од туристичката сезона во угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб-страницата на Министерството за економија. Потврдата за одмор на работници со ниски примања ќе може да се искористи од моментот на добивање до 30 јуни 2024 година и од 15 септември до 1 декември 2024 година“, рече министерот Бектеши.

Тој ги повика семејствата со ниски примања да ги следат објавите на веб-страницата на Министерството, каде што ќе бидат објавени детали за потребната документација.

Од Министерството очекуваат овој повик да ги надмине предвидувањата и очекувањата оти од ковид-кризата оваа мерка придонела за континуирано зголемување на бројот на домашни и странски туристи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Град Скопје исплатил 750.000 евра за оштети од напади на

15/04/2026
Македонија

СТАРИ ЧОВЕЧКИ КОСКИ ОСТАВЕНИ ВО ВРЕЌА НА ПАТЕКА ВО БУТЕЛ!?

15/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ СТАПИ ВО КОНТАКТ СО ПАРТИЈАТА НА МАЃАР Потврдена силната

15/04/2026
Македонија

СДСМ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ЈА СРАМИ ДРЖАВАТА Од ВМРО-ДПМНЕ бараат

15/04/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ за првпат во Штип: Ова не е

15/04/2026
Македонија

Осуда по обидот за палење на синагогата „Бет Јаков“: Повик

15/04/2026
Македонија

ТАТКО МАСТУРБИРАЛ ПРЕД 10-ГОДИШНИОТ СИН И ГО ТЕРАЛ И ТОЈ

15/04/2026
Македонија

Хорор во битолско: Татко прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал

15/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42512
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Град Скопје исплатил 750.000 евра за оштети од напади на бездомни кучиња во 2025 година

15/04/2026

Во текот на 2025 година, Град Скопје исплатил приближно 750.000 евра на име оштета на граѓани кои биле жртви на

СТАРИ ЧОВЕЧКИ КОСКИ ОСТАВЕНИ ВО ВРЕЌА НА ПАТЕКА ВО БУТЕЛ!? И одамна починатите заслужуваат достоинствен

15/04/2026

Скопјанка и нејзиниот малолетен син, за време на посета на Градските гробишта Бутел на вториот ден на Велигден, наишле на

МУЦУНСКИ СТАПИ ВО КОНТАКТ СО ПАРТИЈАТА НА МАЃАР Потврдена силната поддршка за европскиот пат на

15/04/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главна советничка за надворешна политика

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy