
НОВИ НАПАДИ НА ХУТИТЕ: САД и Британија извршија два напада на западот на Јемен
САД и Велика Британија извршија два напада врз градот Ходеида на брегот на Црвеното Море на запад од Јемен, објави јеменската телевизија „Ал Масира“.
Воздушните напади се случија еден ден откако движењето Анасар Алах (Хути) поддржано од Иран нападна трет американски брод во Аденскиот Залив и Арапското Море.
Да потсетиме дека на 12 јануари американската војска и нејзините сојузници извршија напади врз повеќе од 60 цели на 16 локации што ги користат Хутите во Јемен. Тоа беше прв напад врз Хутите откако групата почна да пука со беспилотни летала и проектили врз товарни бродови во Црвеното Море.

