Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нови информации за исчезнатиот Миле од Неготино: Пронајден неговиот телефон покрај реката Луда Мара
Македонија

Нови информации за исчезнатиот Миле од Неготино: Пронајден неговиот телефон покрај реката Луда Мара

02/02/2025

AA

Три дена трае потрагата по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, кој на 30-ти јануари, по неговото предавање на оставка на работното место во Кавадарци, исчезнал. Тој заминал во непознат правец околу осум часот наутро.

Според информациите од неговото семејство, Миле најверојатно пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино и околу 10:30 часот бил виден близу селото Марена.

Денес, мобилниот телефон на Миле беше пронајден покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, во близина на местото познато како Три багрема.

„Потрагата за денес е завршена. Имаме мобилизирани доброволци од градот, а и полициски службеници се вклучени во потрагата. Целата река е проверена, посебно делот каде беше пронајден мобилниот телефон, но не најдовме ништо. Имаше и куче трагач, но поради големиот број луѓе на теренот, веројатно се помешале траговите и кучето не можеше да го следи точниот пат,“ велат роднините на Миле.

Тие исто така апелираат до надлежните институции за поголема помош: „Само полицијата и доброволците не се доволни. Три дена поминаа без резултати! Апелираме до Центарот за управување со кризи и специјализираните единици, да испратат тимови со термални камери и дронови, бидејќи сме беспомошни.“

Од СВР Велес потврдуваат дека момчето сè уште не е пронајдено. Семейството апелира и за помош од јавноста. Доколку некој има информации за неговото местоположение, веднаш да се јави во полиција.

Роднините додаваат дека Миле може да биде било каде, не само во областа каде беше пронајден неговиот мобилен телефон, и потрагата треба да биде опсежна, бидејќи можеби се наоѓа на сосема друга локација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy