Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИ ГЕРМАНСКИ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ, ЌЕ ИМААТ ДОПОЛНИТЕЛЕН БОНУС: Стапуваат на сила од 1 јули
Економија

НОВИ ГЕРМАНСКИ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ, ЌЕ ИМААТ ДОПОЛНИТЕЛЕН БОНУС: Стапуваат на сила од 1 јули

28/06/2023

AA

Работниците кои сакаат дополнително да се усовршуваат за да
се стекнат со професионална квалификација ќе имаат право на дополнителен бонус
од 150 евра месечно.

Новите правила кои ќе влијаат на паричните приходи на
германските жители стапуваат на сила од 1 јули оваа година.

Граѓанскиот приход од јули е зголемен за сите оние кои ги
добиваат покрај месечните примања. Тоа значи дека со приход меѓу 520 и 1.000
евра сега можете да добиете 30 отсто, наместо досегашните 20 отсто од
граѓанскиот приход.

Според информациите на Сојузното Министерство за труд и
социјална политика (БМАС), тоа значи дека паричникот на многу жители ќе има и
до 48 евра повеќе од износот на примениот граѓански приход. Меѓу другото,
германските власти ќе воведат бонус за продолжување на образованието, пишува
порталот Феникс.

Владата најави дека работниците кои добиваат граѓански
надомест, а сакаат дополнително да се усовршуваат за да се стекнат со
професионална квалификација, ќе имаат право на дополнителен бонус од 150 евра
месечно.

– Дополнително, можат да добијат и бонус за обука за
полагање на средно и завршен испит – велат од Заводот за вработување.

Тука е и остварувањето на правото на 75 евра месечно како
дополнителен надоместок за доусовршување кое трае подолго од осум недели и не е
насочено кон стекнување професионална квалификација. Оние кои имаат потреба од
основни вештини како што се подобро читање, математика или компјутерски
вештини, со овој паричен надомест имаат можност да се подобрат.

Учениците, студентите и специјализантите исто така ќе имаат
корист од значајните промени кои ќе
бидат воведени од 1 јули. Приходите во иднина ќе можат да ги одржуваат
до лимитот за мини вработувања кој моментално изнесува 520 евра. Истото важи и
за џепарлакот што го добиваат преку федералната волонтерска служба и
доброволната социјална година.

Покрај горенаведеното, има уште неколку измени кои ќе стапат
на сила од 1 јули. Породилниот додаток повеќе не е вклучен во граѓанскиот
приход како што беше порано. Во случај на медицинска рехабилитација, веќе нема
потреба од поднесување барање за преоден надомест. Наследството се третира како
имот, а не како приход.

ФОТО: Unsplash/Lenny Kuhne

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45797
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на нива кај Ораовица

25/09/2026

77-годишен жител на Радовиш починал на нива во атарот на радовишкото село Ораовица, откако врз него паднала гранка од топола

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во зимскиот период

25/09/2026

Крајно време е Венко Филипче да си замине од СДСМ. Она што луѓето од Платформата 12.05 одлучно и јавно му

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници, дата центри, на сè што

25/09/2026

  Венко Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, па затоа нека се посвети малку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy