
Нови дојави за бомби во училиштата – биле потпишани од „Бугарска револуција“
Нови дојави со заканувачка содржина за поставени бомби биле испратени денеска во 33 основни и средни училишта во Скопје.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, веднаш по добиената пријава полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на училиштaтa.
Она што е различно овој пат во електронското писмо, е тоа што е потпишано од извесна Бугарска револуција.
Во второто полугодие ова е втор пат училишта да добиваат дојави за бомби.
Лажните закани за поставени бомби во земјава се појавија на 26 октомври лани, но досега се потврди оти сите испратени дојави се лажни.