Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Треба да се остава што помалку простор на провокации чија единствена цел е нарушување на добрососедските односи
Македонија

Ковачевски: Треба да се остава што помалку простор на провокации чија единствена цел е нарушување на добрососедските односи

07/02/2023

AA

Успеавме на 4 февруари да организираме достоинствено и мирно чествување на роденденот на Гоце Делчев, великанот на македонската револуционерна борба. Треба да се остава што помалку простор на провокации чија единствена цел е нарушување на добрососедските односи, смета премиерот Димитар Ковачевски прашан за недоличните и навредливи коментари кон македонскиот народ од страна на бугарскиот европратеник Александар Јорданов.

Тој потсети дека за тоа реагирале и Владата и МНР со осуда на недоличното однесување, кое не прилега на ниту еден човек без разлика со што се занимава и посебно за некој којшто е член на Европскиот парламент, реагирано е до бугарските власти, а испратено е и писмо до Европскиот парламент.


-Сметам дека на 4 февруари согласно со одлуките на Советот за безбедност, согласно со одлуките на Владата, МВР и сите други безбедносни служби во координација со партнерските служби, бидејќи да не заборавиме дека ние сме членка на НАТО, успеавме да организираме достоинствено и мирно чествување на роденденот на Гоце Делчев, великанот на македонската револуционерна борба. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани коишто во тој ден на мирен начин му оддадоа почит бидејќи на сите им беше овозможено согласно со протоколите и согласно со процедурите на МВР тоа да го направат и сметам дека во иднина треба да се остава што помалку простор за такви како што е во случајот господинот, којшто вие го кажавте, меѓутоа и за други коишто единствено ги интересира само провокации, коишто ги интересира нарушување на добрососедските односи помеѓу нашата држава и другите земји од регионот, бидејќи се тоа личности и тоа се политички партии коишто не сакаат да го видат овој регион како дел од ЕУ. Од друга страна сме ние официјалните влади на државите од регионот коишто сакаат да го видат регионот како член на ЕУ и на тоа ќе работиме, рече Ковачевски.

Во однос на Бугарија смета дека не би требало дополнително да коментира бидејќи соседната држава веќе е влезена во изборна кампања. Штом ќе завршат изборите таму ќе може да се воспостави понатамошен дијалог во однос на билатерални и мултилатерални проекти со владата што ќе ја имаат после изборите коишто ќе се одржат во првата недела на пролет, смета Ковачевски..


За коментарите на бугарскиот претседател Румен Радев, за изјавата на техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков и како гледа кон последната поддршка за Христијан Пендиков кому му се нуди бугарско државјанство по брза постапка, стан, пари па и лично обезбедување за заштита од провокации, Ковачевски повтори дека на 4 февруари кај нас беа спроведени сите одлуки и процедури согласно со закон за мирно и достоинствено чествување, сите наши безбедносни служби водени од МВР беа во постојана координација, меѓутоа и во координација со партнерски министерства и служби во Софија и како членки на НАТО направени на најпрофесионален начин.

Што се однесува до правата на кој било граѓанин на нашата држава кој се самоопределува различно од мнозинството, смета, дека тоа кај нас е издигнато на највисоко можно ниво споредено со голем број на земји во Европа и во светот.


-Кај нас правата не се само лист хартија туку се спроведуваат низ голем број институции кои ние ги имаме изградено низ годините. Имаме Министерство за политички систем, имаме агенции за унапредување на правата на помалите заедници, агенции за употреба на јазици, што ако споредите во друга држава не може да најдете. Добро е што тоа сме го направиле, ние сме мултиетничка, мултикултурна држава која својата сила ја црпи од различностите кои што ги имаме кај нас и така и ќе продолжиме. Што се однесува до активностите кои што ги има Бугарија во надлежност на својата држава и нивните институции, ние тука не можеме да се мешаме дали тие некому ќе му дадат државјанство или ќе му поклонат стан исто како што никој не може да се меша кај нас доколку ние решиме тоа да го направиме со некој граѓанин, вели премиерот Ковачевски.

Во однос на оние кои што се однесувале спротивно на закон, а што, вели, можеше да се види од сите снимки и кои можеше и цела Европа и цел свет да ги види од тоа што се случуваше на границата кога граничната полиција беше навредувана, рече дека и Граничната полиција и нашите правосудни органи реагирале навремено и согласно сите закони и конвенции во делот на заштитата на поредок во државата, меѓутоа и во делот на остварувањето на правата на секоја индивидуа.

-Тие граѓани согласно со нашиот закон кои се странски државјани, не се во Македонија, ги имаат добиено своите пресуди заради недоличното однесување. Согласно со тоа на дел од нив им е забранет влез на одреден временски период во државата, дел имаат казни кои ќе треба да ги подмират. Тоа е нормално за секој граѓанин на друга држава без разлика од која држава доаѓа, истите закони важат, а важат и за нашите граѓани, санкциите се исти, подвлече премиерот Ковачевски.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во

03/10/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗОШТО ДЕНЕСКА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР? Мицкоски во

03/10/2026
Македонија

КОСКИТЕ НА САМУИЛ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ НА ОСТРОВОТ „СВЕТИ

03/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НЕ Е ЗАДОВОЛЕН ОД ПОРАКИТЕ НА УРСУЛА ФОН ДЕР

03/10/2026
Македонија

КОСКИТЕ НА САМОИЛ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ НА ОСТРОВОТ „СВЕТИ

03/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45961
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во Росоман

03/10/2026

Заклучно со 29. септември во Македонија се регистрирани вкупно 71 случаи на западно-нилска треска, соопшти Институтот за јавно здравје. Од

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ Партијата

03/10/2026

„ВЛЕН“ ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8 ИНВОЛВИРАНИ ЛИЦА!? Нова книга изнесува

03/10/2026

Атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, бил инициран во момент кога државата дефинитивно ја напуштала „орбитата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy