Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ПОДДРШКА ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Бесими ги соопшти деталите
Економија

НОВИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ПОДДРШКА ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Бесими ги соопшти деталите

08/09/2023

AA

Владата на Македонија ги финализира преговорите за обезбедување финансиски средства од Банката за развој при Советот на Европа – (CEB). Барањето е веќе доставено до Банката, и се очекува до крајот на овој месец да се финализираат условите, а до крајот на годината да бидат и одобрени од страна на Банката. Ова беше соопштено на средбата на министерот за финансии со гувернерот на ЦЕБ Карло Монтичели и вицегувернерот на ЦЕБ Томаш Бочек во Париз.

„Банката за развој при Советот на Европа е една од водечките меѓународни финансиски институции во земјава која поддржува инвестиции во јавната социјална инфраструктура, како и поддршка на приватниот сектор, особено малите и средни претпријатија. Оваа нова кредитна линија е токму насочена кон поддршка на мали и средни претпријатија и дел од широката лепеза на проекти на кои работи Владата и со други финансиски институции, а со цел да се поддржи нивната ликвидност и зелени инвестиции во период на криза“, рече министерот Бесими.

Тој посочи дека станува збор за 50 милиони евра за домашните компании, кои ќе се пласираат преку Развојната банка и кои се надополнување на веќе постоечките производи кои со поддршка од Владата се пласираат преку Развојната банка, а се насочени кон поддршка на компаниите.

Исто така Банката има одобрено грант од 1,1 милиони евра од Фондот за зелени социјални инвестиции, со кој ќе се финансираат поставување фотонапонски централи на училишни објекти во земјава кои се реновирани исто така преку проект поддржан од оваа финансиска институција. 

Соговорниците ја потврдија успешната соработка помеѓу РС Македонија и оваа меѓународна финансиска институција која досега учествува во реализација на девет проекти од јавниот сектор во износ од 264 милиони евра. Поддршката е насочена во здравствениот сектор, образованието, правда, изградба на социјални станови, како и поддршка на мали и средни претпријатија, а се очекува во наредниот период преземените реформи во делот на јавните финансии да придонесат кон забрзување на динамиката на реализација на проектите.

На средбата стана збор и за стратешката рамка на Банката во наредниот период и иницијативата за зголемување на капиталот на Банката, што ќе овозможи зголемени активности на Банката за периодот 2023-2027 година во земјите членки, а на што РС Македонија, како членка, даде позитивен одговор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45869
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката пукнала на вториот кат, течело

29/09/2026

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy