
Новата покраина сака да стане дел од Русија
Јужна Осетија, провинција која се отцепи од Грузија и прогласи независност, размислува да стане дел од Руската Федерација, објавија руските медиуми.
„Ние разговараме за овие прашања во тесна координација со Руската Федерација, земајќи ги предвид нашите билатерални односи и договори“, изјави претседателот на јужноосетискиот парламент Алан Алборов за РИА Новости.
Русија ја призна Јужна Осетија и уште една отцепена провинција Абхазија како независни држави во 2008 година, откако руските сили го одбија грузискиот обид да ја вратат Јужна Осетија во петдневната војна истата година.
Својата независност ја признаа и Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија.
