
НОВАТА КРИПТО ПЛАТФОРМА НА ТРАМП СЕ ВИКА DEFIANT ИЛИ ИНАЕТЛИВ: „Време е да се заземе став против банките и финансиската елита“
Поранешниот
претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој повторно се
кандидира за оваа позиција на ноемвриските избори, најави нова платформа за
криптовалути „The DeFiant Ones“ во сопственост на неговата организација.
Името е игра на
зборови бидејќи може да се чита како „пркосен“или „инаетлив“, додека DeFi е
популарна кратенка за децентрализирано финансии.
Оваа информација
Доналд Трамп ја сподели со своите 7,5 милиони следбеници на мрежата „Truth
Social“.
„Предолго,
просечниот Американец беше под притисок од големите банки и финансиските елити.
Време е да заземеме став – заедно“, напиша Трамп.
За неколку минути
и неговиот син Доналд Трамп Јуниор сподели објава со своите 12 милиони
следбеници на платформата Икс (Твитер).
Објавата на Трамп
вклучуваше линк до Телеграм наречен „Пркосните“, кој имаше околу 29.000
следбеници од четвртокот наутро, објави Си-Ен-Ен.
Доналд Трамп ја
поддржа индустријата за криптовалути неколку пати во неговата претседателска
кампања.
фото: ЕПА