
Нова саботажа – оштетен подводен кабел што поврзува 2 членки на НАТО
Подводен оптички кабел меѓу Литванија и Шведска денеска е оштетен, јави литванската јавна телевизија LSM, повикувајќи се на операторот на кабелот.
Како што се наведува, кабелот е оштетен поради „надворешно влијание“, пренесе Ројтерс.
Подводниот оптички кабел го поврза литванскиот град Вентспилс со шведскиот остров Готланд, соопшти LSM.
