Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нова програма на ТИРЗ за поддршка на средношколци
Македонија

Нова програма на ТИРЗ за поддршка на средношколци

10/10/2023

AA

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и директорката на средното стручно училиште „Васил Антевски-Дрен“-Скопје, Тања Јовановска, денеска потпишаа меморандум кој го одбележува почеток на оваа нова соработка.

„Младите таленти се нашиот најголем капитал и инвестицијата во нивното образование и развој на вештини претставува инвестиција во подобрa иднина за нив дома. За нас е клучно што можеме да бидеме дел од нивниот образовен и професионален раст, и сме сигурни дека оваа соработка ќе донесе многу успешни приказни и перспективи како за нив, така и за целата држава”, изјави Деспотовски.

Во таа насока, Јовановска додаде: „Денес имавме исклучителна можност и чест да бидеме дел од програмата на ТИРЗ за да се поврзе и да се охрабри младиот талентиран човек кој сака своите теоретски знаења да ги сподели во бизнис секторот. Се надевам дека во текот на целата учебна година нашите ученици достојно ќе успеат да одговорат на задачите и да бидат можеби дел регрутирани од некои компании каде што за време на летниот распуст, а и понатаму во професионалниот развој, ќе си го најдат своето место под сонцето.“

Во текот на учебната година, меѓу другото, учениците ќе имаат можност да посетуваат пракса во Дирекцијата на ТИРЗ и во дел од зоните, каде ќе работат под менторство на обучени вработени. Оваа пракса им нуди можност да ги применат своите теоретски знаења во реални работни средини, како и да развиваат практични вештини со применлива вредност на пазарот на труд.

Оваа соработка е дел од широката иницијатива „Иднината почнува дома” за поддршка на младите.

Во изминативе две и пол години, ТИРЗ успешно спроведува програми за пракса за студенти во кои до сега се вклучени повеќе од 20 студенти од различни универзитети и факултети во земјата.

ТИРЗ започна и кампања за презентација на можностите за вработување во компаниите во Зоните. Целта е промоција и поттикнување на професии и нови работни места со додадена вредност, кои носат повисоки плати за секој вработен, а особено за младите и можностите за работа по европски стандарди дома.

Во рамки на оваа иницијатива ТИРЗ веќе обезбеди значителна поддршка за тимовите на млади математичари и физичари кои годинава ја претставуваа нашата земја на најголемите светски олимпијади по математика и физика во Токио. Тие се вратија со прво злато после 30 години по математика, како и со две бронзи по физика.

Дирекција за ТИРЗ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Храброста на баба Росанка од Челопек: „Ме гушеше за да

20/02/2026
Македонија

Падна дрво кај Католичка црква, затворена улицата!

20/02/2026
Македонија

ПРОТЕСТ ВО БЛАТЕЦ ПРОТИВ ХИДРОЦЕНТРАЛА НА БЛАТЕШНИЦА Локалното население во

20/02/2026
Македонија

РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО: И плата и пензија за дефицитарните специјалисти

20/02/2026
Македонија

ЧАНТАТА НЕ Е РЕАЛНОСТ ЗА РАЗЛИКА ОД ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ И

20/02/2026
Македонија

Трамп рекол дека срамна била одлуката на Врховниот суд!

20/02/2026
Македонија

ВРАБОТУВАЛА И УНАПРЕДУВАЛА СПРОТИВНО НА ЗАКОНИ И ПРАВИЛНИЦИ Кривична пријава

20/02/2026
Македонија

СДСМ со извинување до Орце Ѓорѓиевски: И ние и граѓаните

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41726
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Храброста на баба Росанка од Челопек: „Ме гушеше за да не викам, но не се

20/02/2026

Додека полицијата и обвинителството истражуваат дали во овој регион се крие сериски убиец, 85-годишната Росанка од село Челопек пред камерата

Падна дрво кај Католичка црква, затворена улицата!

20/02/2026

Попладнево затворена е улицата „Костурски Херои“ во близина на Католичката црква. Според информациите, паднало дрво. Сообраќајот е привремено запрен, а

ПРОТЕСТ ВО БЛАТЕЦ ПРОТИВ ХИДРОЦЕНТРАЛА НА БЛАТЕШНИЦА Локалното население во одбрана на реката и на

20/02/2026

Неколку стотици жители на виничкото село Блатец денеска протестираа против изградба на хидроцентрала на реката Блатешница. Меѓу присутните имаше и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy