Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нова надеж за прекин на огнот – Саливан: САД, Египет, Катар и Израел постигнаа разбирање за контурите на договорот
Македонија

Нова надеж за прекин на огнот – Саливан: САД, Египет, Катар и Израел постигнаа разбирање за контурите на договорот

25/02/2024

AA

САД, Египет, Катар и Израел постигнаа разбирање за „основните контури“ на договор за ослободување заложници за привремен прекин на огнот во Газа, изјави денеска за Си-Ен-Ен американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Договорот се уште се преговара, рече Саливан, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Катар и Египет ќе мора индиректно да разговараат со Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се уште не е јасно дали договорот за заложниците ќе се оствари врз основа на тековните преговори.

Нетанјаху, во интервју за Си-Би-Ес Њуз, додаде дека подоцна денеска ќе се состане со персоналот за да разговара за двоен воен план кој вклучува евакуација на палестинските цивили во Газа и операција за уништување на преостанатите баталјони на Хамас, објави Ројтерс.

– Ако постигнеме договор, работата малку ќе се одложи, но тоа ќе се случи. Ако нема договор, сепак ќе го направиме – изјави тој за CBS News.

Во првото затишје во борбите, во ноември, околу половина од 253-те луѓе заробени од Хамас за време на нападот на 7 октомври беа ослободени. Во тој договор, Израел ослободи три пати повеќе Палестинци од своите безбедносни затвори и доби повеќе хуманитарна помош за Газа.

Израелските медиуми, повикувајќи се на неименувани официјални лица, објавија дека постои рамка за враќање на околу една третина од 130-те преостанати заложници за време на шестнеделното примирје што го покрива светиот муслимански месец Рамазан (во март/април). Немаше официјална потврда од ниту една страна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони

06/02/2026
Македонија

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на

06/02/2026
Македонија

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од

05/02/2026
Македонија

Димитриевски: Задоволен сум од платата, ама јас од плата не

05/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА СЕ ВОДИ, ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ СÈ Мицкоски најави разрешница

05/02/2026
Македонија

Нова измама, овој пат СМС од Телеграм – не кликајте

05/02/2026
Македонија

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ ГАРАНЦИИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА Премиерот со јасна

05/02/2026
Македонија

Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните од

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41100
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy