
НОВА МЕТА ПЛАТФОРМА – за неа ќе ви биде потребен личен документ, а за додатна заштита 15 долари
Компанијата Мета, која е сопственик на социјалните мрежи и платформи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, вчера го објави лансирањето на услугата за претплата Мета Верифајд, која ќе им овозможи на корисниците да ги потврдат своите сметки на тие социјални мрежи, со користење на личен документ за да добијат т.н. сина значка.
Според Ројтерс, пакетот за претплата за Instagram и Facebook вклучува дополнителна заштита од измама и ќе чини 11,99 долари месечно за онлајн платформите или 14,99 долари месечно на системот iOS на Apple.
Мета Верифајд ќе започне следната недела во Австралија и Нов Зеланд.