Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВА КОЛА СИ Е НОВА, МАКЕДОНЦИТЕ САКААТ ДА ЈА ИМААТ – како „Аутомакедонија“ лани оствари приходи од 11 милиони евра
Економија

НОВА КОЛА СИ Е НОВА, МАКЕДОНЦИТЕ САКААТ ДА ЈА ИМААТ – како „Аутомакедонија“ лани оствари приходи од 11 милиони евра

04/03/2025

AA

Зголемена и
стабилна добивка, пораст на приходите и контролирани трошоци, но и одлични
финансиски приходи. Вака накусо може да се опише работењето на еден од
најзначајните увозници на автомобили во земјава „Аутомакедонија“.

Да го погледнеме
Билансот на успех кој ова акционерско друшто го сподели со инвеститорската
јавност преку Македонскаѕта берза за долгорочни хартии од вредност.

Тој говори дека
„Аутомакедонија“ ја завршила 2024 година со чист профит од близу половина
милион евра, или прецизно 485 илјади евра, што е зголемување за 9 отсто во
однос на претходната 2023 година. Тоа го потврдува и самата компанија во образложението
кое го објавува заедно со нејзините финансиски извештаи.

Да го погледнеме
Билансот на успех на компанијата, тој зборува најдобро сам за себе.

Минатата година
во „Аутомакедонија“ се слеале 10,8 милиони евра како оперативни приходи, што е
одличен раст од дури 26 проценти во однос на претходната година. Речиси сите
овие пари се инкасирани од продажбата на возила, односно на име на приходи од
продажба се слеале 10,65 милиони евра, и сите тие се приходи од продажба на
домашниот пазар, што е и логично, и кај нив има зголемување за 27 проценти.

Кога беа објавени деветмесечните резултати за лани, од компанијата многу прецизно објаснија дека нивната добивка беше зголемена поради зголемена продажба на возила во комерцијалниот сегмент. Тоа значи дека Македонците лани „удриле“ на купување на нови возила, што се рефлектира во поголеми заработувачки кај компаниите кои работат во таа бранша.

Да ја погледнеме
расходната страна. Компанијата има оперативни расходи од 10,45 милиони евра, и
нивниот пораст е за 27 отсто. Најголема расходна ставка е набавната вредност на
трговските стоки, која изнесува 8,42 милиони евра, всушност набавната вредност
на возилата кои потоа се продаваат на македонскиот пазар, и каде има
зголемување за 34 проценти.

За плати и
надоместоци на вработените, пак, се потрошени 903 илјади евра, и тоа е раст за
6 отсто во однос на претходнатѕа година.

„Оперативни
приходи се зголемени за 26 отсто, при зголемена набавна вредност на продадени производи за 34 отсто, со стабилно ниво на трошоци за
оперативно работење со пораст од 1,4 отсто, во однос на 2023 година, што резултира со оперативна добивка
од 21 милион денари“, сто и во
образложението на компанијата.

Значи, оперативната добивка на ова АД изнесува 334 илјади евра, што говори за благо
намалување од 12 отсто во однос на претходната година.

Но, затоа тука на
помош дошле финансиските приходи, кои и донеле на „Аутомакедонија“ одлични 293
илјади евра, што е раст за цели 50 проценти. Од компанијата прецизно
објаснуваат како се заработени тие финансиски приходи.

„Финансиските приходи се зголемени
за 50 отсто во 2024 во однос
на 2023 како приходи од дивиденда од поврзани субјекти“, велат оттаму.

А, направени се и
финансиски расходи од 142 илјади евра, и нивниот раст е поблаг, за 12 проценти.
Од образложението на Билансот може да се види дека тие финансиски расходи
пораснале поради тоа што компанијата инвестирала, а за тоа требало да се земат
комерцијални кредити, кои, пак, носат и камати. Или, како што објаснуваат од
„Аутомакедонија“, „поради инвестиционата активност видлива преку пораст
на материјални средства од 36 отсто
финансирана од комерцијални кредити, финансиските расходи се зголемени за 12 отсто“.

Значи, после сите
овие ставки, и откако е платен корпоративниот данок од 10 отсто,
„Аутомакедонија“ на крајот на ланската година профитирала со 485 илјади евра,
што значи зголемување за 9 отсто.

Билансот на состојба, пак, како што велат од ова АД, бележи оптимизација на тековните
обврски во однос на тековните средства. Тоа се ефектуира во позитивен паричен
тек посебно од оперативни активности. Соодветната активност доведува до пораст
на капиталот за 8 отсто.

Друштвото во 2024 година не исплати дивиденда за акционерите.

Во моментов, според состојбата на ЦДХВ, поголеми акционери на
компанијата се Иванка Мојсова со 22,48 отсто од капиталот, Милан Ивановски со 14,66 отсто од акциите, како и трите деца за бизнисменот Светозар
Јаневски, односно Кирило, Драгана и Јане со по 6,78 отсто од акциите.

Јане Јаневски, син на познатиот бизнисмен Светозар Јаневски, стана
во јуни претседател на Управниот одбор на „Аутомакедонија“, заземајќи го
местото на Џон Кирил Јоновски.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТИТАН Усје: Повеќе од еден месец сме цел на неосновани

30/01/2026
Македонија

ИМАЛЕ МУНИЦИЈА ШТО Е ЗАБРАНЕТА ЗА ГРАЃАНИТЕ Истрага против 4

30/01/2026
Македонија

Новинарката Лиридона Вејсели осудена за злоупотреба на лични податоци поради

30/01/2026
Македонија

Почина Тихомир Јанчовски – поет, писател и преведувач

30/01/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН ЗА ДИСКУСИЈА Наставниците

30/01/2026
Македонија

Одрон на автопатот Скопје–Велес

30/01/2026
Македонија

Претрес во Брвеница: Четири лица под истрага за пронајдени дрога

30/01/2026
Македонија

Апелација ја поништи пресудата против портпаролката на Владата, Марија Митева

30/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТИТАН Усје: Повеќе од еден месец сме цел на неосновани напади – не сме причина

30/01/2026

Цементарницата „Титан Усје“ денеска излезе со остра реакција против, како што велат, неаргументираните и тенденциозни напади кон компанијата. Од таму

ИМАЛЕ МУНИЦИЈА ШТО Е ЗАБРАНЕТА ЗА ГРАЃАНИТЕ Истрага против 4 лица за пронајдени дрога и

30/01/2026

Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражни постапки против 4 лица по претресите во село Брвеница, ори кои беа пронајдени дрога

Новинарката Лиридона Вејсели осудена за злоупотреба на лични податоци поради споменување на судија

30/01/2026

Основниот суд во Гостивар ја осуди новинарката Лиридона Вејсели на парична казна од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, откако во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy