
Министерството за енергетика презема мерки за заштита на граѓаните од неправилно фактурирање на струја
Во рамките на своите надлежности и континуиран напор за заштита на правата на граѓаните, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини иницираше и интензивира активности за правично и транспарентно информирање на јавноста во врска со сметки за електрична енергија. Министерството, како носител на државната политика во енергетскиот сектор, активно ги координира сите институции и ги потсетува на нивните обврски според законот, со цел граѓаните да бидат целосно заштитени од потенцијални злоупотреби.
Министерството иако нема директни ингеренции врз цените и фактурирањето, го постави ова прашање како приоритет и иницираше средби со сите релевантни страни со цел транспарентно и правилно информирање на јавноста. Министерството и РКЕ во насока на поголема транспарентност и едукација ги информираат граѓаните за сите можности за точен и навремен увид на потрошената електрична енергија како и за механизмите што им стојат на располагање, базирано на строго почитување на законите што ја регулираат оваа област.
За точно утврдување на состојбите сите граѓани кои сметаат дека имаат основ за дополнителна проверка (согласно член 37 од Законот за енергетика, правилата за снабдување со електрична енергија и правилата за постапување на приговори и разрешување на спорови), имаат право да поднесат приговор.
Во координација и соработка со Регулаторната комисија за енергетика и инволвираните компании како ЕВН Хоум, информираме за процедурите.
Клучни чекори за правично решавање на спорови:
Според законот, ЕВН Хоме е должно квартално (на секои 3 месеци) да ги отчитува броилата за да се осигури дека податоците се точни. Од ЕВН Хоум информираат дека околу 85% од броилата се отчитуваат секој месец.
Меѓутоа има броила кои се поставени во имотот на корисниците и кои не можат да се отчитаат доколку корисникот не е присутен. 15% од броилата, во кои влегуваат непристапни, во одделни рурални средини, се читаат два пати годишно. Во период од 3 месеци, процентот на отчитани броила бил
над 95%. За броилата што нема можност да се отчитаат во текот на месецот фактури се изготвуваат врз основа на прогнозирана потрошувачка (Автоматски алгоритми), каде што основот е кривата на потрошувачка и потрошувачката во последните 12 месеци.
Според информациите на ЕВН Хоум, по вовдувањето на блок тарифите се вовел механизам на проверка. За потрошувачката на корисниците кои прв пат влегуваат во четвртиот блок се појавува „системска нотификација“ и истите секогаш поединечно се проверуваат од страна на Електродистрибуција. Овој процес се спроведува пред да му се
достави фактурата на корисникот. Во ваков случај, доколку влегувањето во четвртиот блок е последица на претходни неотчитани месечни состојби, односно нефактурирани киловат-часови, фактурата веднаш се корегира.
Дополнителни информации за постапката како и за сите прашања поврзани со отчитувањата, блоковите и пресметката корисниците можат да најдат на следните линкови.
Најчесто поставувани прашања и одговори-
https://elektrodistribucija.mk/Grid/Informacii-merni-uredi.aspx
Веб-страница на ЕВН Хоме – https://www.evn.mk/Invoices.aspx
Порталот на РКЕ – https://www.erc.org.mk/
Доколку граѓаните се сомневаат дека нивните броила не се редовно отчитувани можат да:
со електронски допис на [email protected] или [email protected]
со јавување во Call Center, на телефонскиот број 02 32 05 000
Следете ги блоковите: Цената на струјата е поделена во четири блокови.
Колку повеќе трошите, толку повисока е тарифата. Дневното препорачано ограничување е до 7 kWh (прв блок). Информации за тарифен систем и пресметка на потрошувачка на електрична енергија по блокови ЕВН Македонија – Tariff System https://www.evn.mk/AboutInvoices/TariffSystem.aspx
Прв блок: Најниска цена 4,4376 ден за kWh – за потрошувачка до 210 kWh (или
просечно 7 kWh дневно)
Втор блок: Цена 5,5664 ден за kWh – од 211 kWh до 630 kWh
Трет блок: Цена 7,4314 ден за kWh – од 631 kWh до 1.050 kWh
Четврт блок: Највисока цена 18,3035 ден за kWh – над 1.051 kWh
Евтина тарифа секој ден од 13-15 часот и од 22 до 07 часот – 1,9765 ден за kWh
Ако забележите дека сте близу до горната граница на блокот, намалете ја потрошувачката во следниот период. Со редовна контрола можете да ги намалите ризиците.
Во анализите направени од РКЕ, констатирано е дека дел од потрошувачите се нашле во повисоки тарифни блокови поради методологијата на пресметка. Универзалниот снабдувач има обврска да направи ревизија на ваквите случаи и, доколку е потребно, да изврши корекција.
Број на пристигнати поплаки
Од 820 илјади броила во Македонија, во ЕВН Хоум, во периодот декември 24 / јануари 25, пристигнале 15 000 приговори, но како што информираат од таму, само мал број од овие пријави (15%) се ревидирани според новопрочитана состојба, за останатите било утврдено дека немале основ, бидејќи вредноста на сметката била соодветна на реалната потрошувачка.