Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нова измама во Македонија зема замав: Лажни копачи на злато зеле 11.000 евра од кратовец!
Македонија

Нова измама во Македонија зема замав: Лажни копачи на злато зеле 11.000 евра од кратовец!

23/10/2025

AA

Кратовскиот градежен мајстор Јаким Спасовски раскажува за своето искуство како жртва на измама поврзана со наводно закопано злато. „Им дадов 6.000 евра. Дојдоа осум лица и почнаа да копаат. Детекторите непрестано им свиреа, а тие воодушевено извикуваа дека тука има казани со злато. Ископаа дупка длабока шест метри и прекинаа“, гневно ја опишува Јаким својата приказна.

Најмалку пет лица досега се измамени од осумчлена организирана група, која со наводни сателитски снимки ги убедувала домаќините дека токму во нивните дворови има закопани ќупови и сандаци полни со злато. За да почнат со „копањето“, жртвите биле убедувани дека треба да платат аванс од 6.000 евра.

Легендите за закопано злато во Македонија се присутни со децении, од античко време па сè до наводното злато на Отоманската банка и сандаците на Германците од Втората светска војна. Ова создава традиција и љубопитност за „златна треска“ меѓу граѓаните и копачите со детектори.

Јаким Спасовски објаснува дека групата го убедувала со наводни сателитски снимки, дека еден од членовите бил полицаец, дека сè е легално и дека на него би му останале 10% од богатството. За да започне со копањето, Јаким првично им дал 6.000 евра. „Ги дадов и тие 5.000 евра за новите сателитски снимки, за што имам и сведок“, додава тој.

Според неговото сведоштво, групата го убедувала дека слични акции имале и во Велес, Сушица, Крива Паланка и Трновац – Кратово. Ископале дупка длабока шест метри, а потоа прекинале со работа, тврдејќи дека се потребни нови сателитски снимки од шведски сателит.

Јаким раскажува дека кога сфатил дека станува збор за измама, почнал да побара враќање на парите и да се закани со пријава во полиција и судска постапка. Еден од членовите дури му се заканил дека „ќе го снема“.

Полицаецот од Скопје, кој бил именуван како дел од групата, негира било каква поврзаност: „Немам никаква врска со каква било група на копачи на злато. Не сум зел евра од никого за никакви сателитски снимки“, изјавил тој и упатил закана доколку се објави неговото име.

Министерството за внатрешни работи, пак, соопшти дека не може да дава информации за случаи кои се во предистражна постапка и дека ќе преземе мерки во согласност со законските прописи.

Додека истрагата не открие што точно се случило, осумчлената група продолжува да ги дели „сателитските снимки“ и да ги убедува граѓаните дека закопаното богатство се наоѓа во нивните дворови, оставајќи ги жртвите во ризик од нови измами.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy