Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Падот на ДУИ е како удолницата од Стража кон Зајас
Македонија

Мицкоски: Падот на ДУИ е како удолницата од Стража кон Зајас

23/10/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, изјави дека резултатите од првиот круг на изборите покажале дека народот има надеж и очекувања кои ВМРО-ДПМНЕ нема да ги изневери.

Тој порача дека опозициската СДСМ треба да се консолидира и да размисли дали ќе се осмели да бара предвремени парламентарни избори, а на ДУИ им испрати порака дека граѓаните јасно рекле „доста беше“ од злоупотреба на етничките теми за лични интереси и политички поени.

„Изборите од првиот круг, изразени преку освоените градоначалнички и советнички места, ја потврдија доминантната улога и поддршката што ја има ВМРО-ДПМНЕ. Народот има надеж и очекувања кои нема да ги разочараме. Од друга страна, опозицијата што доживеа историски дебакл, се храбри со нереални математики и калкулации за пратенички места“, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека, и покрај поразот, опозицијата се обидува да создаде алиби за неуспехот и да го задржи своето раководство. „Во нивните анализи и самите признаваат дека ВМРО-ДПМНЕ има јасна и чиста победа. Сè уште не научиле никаква лекција, а тоа е потценување на сопствените гласачи“, рече тој.

Мицкоски нагласи дека ваквиот бран на поддршка за ВМРО-ДПМНЕ е голема одговорност, која, како што рече, ќе биде оправдана со работа и резултати.

„На СДСМ им оставаме време да се консолидираат и да одлучат дали ќе се осмелат на предвремени избори. Јас не ги посакувам, сметам дека е време за офанзива и резултати, но ако продолжат со вештачки теми и блефови – нека внимаваат што посакуваат, бидејќи може и да им се оствари“, порача премиерот.

Во однос на Демократската унија за интеграција, Мицкоски рече дека Албанците испратиле јасна порака дека се заситени од политиканство.

„ДУИ доби порака од народот и Албанците дека доста беше политиканство и злоупотреба на етничките теми за лични интереси и богатење. И овој резултат се случи затоа што тие не разбраа дека додека се занимаваат со орли, врани и зајци, народот е уморен од чекање за подобар живот – живот што граѓаните 20 години не го добија со таа партија. Го чув и нивното барање за предвремени парламентарни избори. Тие се надеваат на тоа за да се спречи падот што евидентно го имаат, а таа удолница што ја фатија е поголема од онаа што се оди од Стража кон Зајас, нагласи Мицкоски“, истакна тој.

Мицкоски порача дека сите политичари треба да разберат дека граѓаните не се бројки или етнички категории, туку луѓе со свои судбини и желба за достоинствен живот.

„Ниту еден од нас нема гласови во својот џеб. Поддршката се заслужува преку вредности, а не преку поделби. Секој треба да се однесува со одговорност кон граѓаните што му ја дале довербата“, нагласи Мицкоски во своето обраќање на свечената академија „Од идеја до држава“ во Македонскиот народен театар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy