Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нова измама на ФБ: Скопскиот аеродром не распродава багаж
Македонија

Нова измама на ФБ: Скопскиот аеродром не распродава багаж

14/11/2023

AA

На социјалните мрежи се појави нова измама, а истата е поврзана со скопскиот аеродром каде наводно се продава изгубен багаж/

Со реакција се јавија и од скопскиот аеродром каде велат дека огласот е лажен и не постои никаква распродажба.

„“До нас дојде информација дека извесна Фејсбук-страница која се претставува како да е скопскиот аеродром шири невистинити информации во јавноста за извесна продажба на изгубен багаж. Како сериозен бизнис и општествено одговорна компанија, ТАВ Македонија ве известува дека страницата со име: “Alexander the Great Airport” лажно се претставува, шири лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж и со овие невистини нанесува штета на угледот на ТАВ Македонија и на Меѓународниот Аеродром Скопје. Поради ова, ТАВ Македонија ќе ги преземе сите правни мерки со цел да го заштити својот углед. Ние сме одговорна компанија која се грижи за своите клиенти – авиокомпаниите и патниците. Во аеродромскиот бизнис никогаш не се тргува со изгубениот багаж, туку тој им се враќа на сопствениците по регуларната постапка за изгубен багаж. Единствената Фејсбук-страница на Меѓународниот Аеродром Скопје, управувана од ТАВ Македонија, е оваа страница: Skopje International Airport – SKP, како и страниците со истото име на Инстаграм и Твитер (X). Сите други страници на социјалните мрежи кои што можеби ќе ги сретнете лажно се претставуваат и немаат никаква врска со Меѓународниот Аеродром Скопје и нашата дејност“, велат од аеродромот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вонреден инспекциски надзор во Струмица, Штип и Скопје, случајот со

03/08/2026
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44817
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вонреден инспекциски надзор во Струмица, Штип и Скопје, случајот со пациентката ќе се испита темелно

03/08/2026

Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка,

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy